Детали за позицијата

Контура – Скопје

Контура е креативно студио за дизајн, печатење, промотивни производи и брендирање на настани. Работиме со компании, организации, амбасади и меѓународни институции, создавајќи проекти што комбинираат дизајн, материјали и креативни идеи.

Поради раст на обемот на работа бараме Координатор за продажба и понуди ќе помогне во комуникација со клиенти, подготовка на понуди и организација на проекти.

 

Работни задачи:

  • комуникација со клиенти (е-маил, телефон, состаноци)
  • подготовка и испраќање на понуди
  • координација со дизајн тимот и продукцијата
  • следење на статус на понуди и проекти
  • подготовка на информации за печатење и промотивни производи
  • помош во организација на проекти и настани
  • одржување на добра комуникација со постојни клиенти.
     

Што бараме?

  • Минимум ССС
  • организирана и комуникативна личност
  • способност за работа на повеќе проекти истовремено
  • основно разбирање на дизајн, печатење или промотивни производи (предност)
  • добро познавање на македонски и англиски јазик
  • солидно познавање на MS Office
  • позитивен и професионален однос со клиенти.
     

Што нудиме?

  • работа во креативна и динамична средина
  • можност за учење на дизајн, материјали и печатење
  • работа на интересни проекти со локални и клиенти од странство
  • стабилна и пријателска работна атмосфера
  • можност за професионален развој.
     

Местото на извршување на работните обврски е во Скопје, во канцелариите на Контура.
Работно време: 09:00 до 17:00 часот, од понеделник до четврток. Петок: 09:00-14:00

 

Аплицирај со:

  • кратка биографија
  • портфолио (или примери од работа) на: contact@kontura.mk со назнака за позицијата за која аплицирате.

 

Крајниот рок за аплицирање е 16.04.2026.

Сите апликации за работа се третираат со максимална доверливост. Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

За компанијата

Контура е креативно студио за дизајн, печатење, промотивни производи и брендирање на настани. Работиме со компании, организации, амбасади и меѓународни институции, создавајќи проекти што комбинираат дизајн, материјали и креативни идеи.

 

 

КОНТУРА  ДОО

Ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов” 132

1000 Скопје, Р. Македонија

 

T:   +389 (0)2 614 60 59

W:  www.kontura.mk

Контакт

Ти треба работа, консултација за вработување или сакаш да вработиш?

КОНТАКТИРАЈ НÈ