
Бараме амбициозни вработени, ангажирани и високо мотивирани личности кои ќе придонесат за натамошниот успех и развој на нашата компанија.
Со цел проширување на нашиот тим во ЗТД Сточарство Богданци, бараме личност која ќе се придружи на нашиот тим на позиција:
КООРДИНАТОР НА ЗЕМЈОДЕЛИЕ ВО ЗЕМЈОДЕЛСКО ТРГОВСКО ДРУШТВО СТОЧАРСТВО БОГДАНЦИ
• КАНДИДАТОТ ЌЕ БИДЕ ОДГОВОРЕН ЗА ПЛАНИРАЊЕ, ОРГАНИЗАЦИЈА И НАДЗОР НА АКТИВНОСТИТЕ ВО АГРО СЕКТОРОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ТРГОВСКО ДРУШТВО СО ЦЕЛ ОПТИМИЗАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВОТО И ОДРЖУВАЊЕ НА ВИСОК КВАЛИТЕТ.
Одговорности и задачи:
• Планирање, организирање и координација на производниот процес во Агро комплекс;
• Изработка на производствени планови и програми за развој;
• Анализа на производните процеси, предлагање мерки за нивно унапредување и разрешување на техничко-технолошките проблеми;
• Планирање и оптимизација на потребните ресурси (работна сила, механизација, материјали);
• Соработка со надворешни стручни лица и консултанти во функција на унапредување на производниот процес и ефикасно справување со проблемите при имплементацијата на програмите;
• Организирање, координација и надзор на сите активности во производство на земјоделски култури;
• Раководење со вработените, нивно распоредување, обука и следење на извршување на задачите;
• Следење на процесот од подготовка на површини за сеидба до берба, пакување и испорака;
• Оперативен надзор на терен и координација на дневните активности;
• Учество во техничко-технолошки процеси за подобрување на производството и креирање на развојни програми;
• Обезбедување ефикасно користење на опрема и ресурси;
• Контрола и евиденција на возила, механизација и приклучна опрема;
• Следење и контрола на потрошувачката на гориво и оперативните трошоци;
• Контрола на здравствената состојба на насадите;
• Следење на реализацијата на планираните активности;
• Подготовка на извештаи (дневни, неделни и месечни);
• Одржување на високи професионални стандарди и деловна етика.
Потребни квалификации:
• Кандидатите со ВСС- Факултет за земјоделски науки и храна или ССС – Земјоделски техничар со претходно работно искуство на иста или сродна позиција минимум 5 (пет) години ќе имаат предност при изборот;
• Познавање на MS Office програми и англиски јазик ќе се смета за предност;
• Доверлив и аналитичен со високо чувство за координирање на трошоци и економичност
• Силни организациски, комуникациски вештини, способност за работа со рокови и под притисок
• Способност за решавање проблеми
• Одлични интерперсонални и комуникациски способности, пишани и усни за ефикасна интервенција со персоналот
• Познавање на земјоделската пракса и технологија
Ви нудиме:
• Почетна нето плата од 64.000 денари, со можност за напредок до 80.000 денари врз основа на исполнување на перформанси
• Можност за стручно усовршување и напредување во работата;
• Менторска обука за воведување во работата и запознавање со сите процеси на компанијата
• Попуст за вработени во хотел Вилиџ во Охрид;
Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси,
испратете персонална биографија (CV) на e-mail: office@stocarstvo.com.mk со назнака “РАКОВОДИТЕЛ НА ЗЕМЈОДЕЛИЕ ВО ЗЕМЈОДЕЛСКО ТРГОВСКО ДРУШТВО- СТОЧАРСТВО БОГДАНЦИ“.
Изборот ќе се изврши во рок од 15 или 30 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.
Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе влезат во потесниот избор и ќе бидат контактирани.
ЗТД Сточарство Богданци
office@stocarstvo.com.mk