ГЕИНГ ДОО Скопје

ИТ техничар

Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје е компанија лоцирана во Македонија, која испорачува комплетни решенија од областа на геотехниката, хидротехниката, енергетиката, рударството, патната инфраструктура и заштитата на животната средина. Поради зголемен обем на работа Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје има потреба од вработување на:

Oглас за работна позиција: ИТ техничар

Опис на работно место:

ИТ Техничар

Минимум потребни квалификации: 

  • Образование: ССС

  • Работно искуство: минимум 1 година,

  • Возачка дозвола: Б категорија

  • Познавање на Англиски јазик, дополнителен странски јазик ќе се смета за предност

  • Напредно познавање на компјтерски алатки МS Officе (Word, Excel, Power Point, MS Project), напредно познавање на хардвер

  • Познавање и искуство во администрирање на оперативни системи (Windows 7, 10, 11…)

  • Познавање работа со Outlook и сетирање

  • Познавање на хардвер и софтвер

  • Познавање на компјутерски мрежи и мрежна опрема (LAN, WLAN)

  • Каблирање мрежни табли CAT5 и CATe

  • Решавање на ИТ проблеми

  • Инсталација на токени ќе се смета за предност

  • Искуство во набавка на ИТ опрема (технички и оперативно) ќе се смета за предност

  • Одлични комуникациски и аналитички способности, организираност и систематичност во работата

Опис на работни задачи:

  • Се грижи за целокупниот хардвер, негова евиденција, сервис и надградба
  • Инсталира, сервисира и ги одржува оперативните системи, софтверите и специјалните софтвери потребни за работење
  • Се грижи за потребниот потрошен материјал потребен за работа на ИКТ (кертриџи, тонери, хартија и сл) и води нивна евиденција
  • Врши бекап на податоци во електронска форма
  • Извршува задачи по налог на Надлежни

Вашата биографија и мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите:

  • По електронска пошта на: kariera@geing.com.mk
  • По пошта на адреса: ул. Борис Трајковски бр. 111 Скопје, најдоцна до 29.01.2025 година.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.

Премиум
Важи до 29 јануари 2025