Детали за позицијата

 

Контура – Скопје

 

Контура е креативно студио за дизајн, печатење, промотивни производи и брендирање на настани. Работиме со компании, организации, амбасади и меѓународни институции, создавајќи проекти што комбинираат дизајн, материјали и креативни идеи.

Поради раст на обемот на работа бараме графички дизајнер кој сака да работи на реални проекти што завршуваат во печатење, материјали и настани.

 

Работни задачи

  • креирање графички решенија за печатени и дигитални материјали
  • подготовка на фајлови за печатење
  • дизајн за конференции и настани
  • дизајн на публикации, брошури, промотивни материјали
  • работа со различни материјали и формати
  • соработка со продукцискиот тим.
     

Што бараме?

  • Минимум ССС
  • одлично познавање на Adobe Illustrator, InDesign и Photoshop
  • чувство за композиција, типографија и визуелен идентитет
  • внимание на детали и добра организација
  • способност за работа на повеќе проекти истовремено
  • тимска работа и одговорност.
     

Што нудиме?

  • работа на интересни и разновидни проекти
  • креативна и динамична средина
  • работа со локални и меѓународни клиенти
  • можност за професионален развој.
     

Местото на извршување на работните обврски е во Скопје, во канцелариите на Контура.
Работно време: 09:00 до 17:00 часот, од понеделник до четврток. Петок: 09:00-14:00
 

 

Аплицирај со:

  • кратка биографија
  • портфолио (или примери од работа) на: contact@kontura.mk со назнака за позицијата за која аплицирате.

 

Крајниот рок за аплицирање е 16.04.2026.

Сите апликации за работа се третираат со максимална доверливост. Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

За компанијата

Контура е креативно студио за дизајн, печатење, промотивни производи и брендирање на настани. Работиме со компании, организации, амбасади и меѓународни институции, создавајќи проекти што комбинираат дизајн, материјали и креативни идеи.

КОНТУРА  ДОО

Ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов” 132

1000 Скопје, Р. Македонија

 

T:   +389 (0)2 614 60 59

W:  www.kontura.mk

Контакт

Ти треба работа, консултација за вработување или сакаш да вработиш?

КОНТАКТИРАЈ НÈ