Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје е компанија лоцирана во Македонија, која испорачува комплетни решенија од областа на геотехниката, хидротехниката, енергетиката, рударството, патната инфраструктура и заштитата на животната средина. Поради зголемен обем на работа Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје има потреба од вработување на:
Oглас за работна позиција: Геодет Соработник
Се бара Дипломиран Геодетски Инженер со или без работно искуство од областа на геодезијата. Солидно познавање и работа со геодетски инструменти и програми. Како предност ќе се смета искуство во геодетски надзор на објекти.
Опис на работно место: Геодет соработник:
- Образование – Дипломиран Геодетски Инженер
- Одлични интерперсонални, комуникациски и аналитички способности, организираност и систематичност во работата, познавање на позитивните правни прописи во РМ
- Учествува во геодетски снимања и ги обработува податоците, изработува елаборати од областа на геодезијата и учествува во стручен геодетски надзор
Минимум потребни квалификации:
- BCC – Геодезија
- Со работно искуство
- Познавање на компјутерски алатки:МС Office ( Word, Excel, Power Point, MS Project), AutoCAD/Civil 3D, Microstation V8, MakEdit
- Познавање на Англиски јазик ќе се смета за предност
- Поседување на Б возачка дозвола
Вашата биографија и мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите:
- По електронска пошта на: kariera@geing.com.mk
- По пошта на адреса: ул. Борис Трајковски бр. 111 Скопје, најдоцна до 15.04.2025 година.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.