Детали за позицијата

 

VikLeo Holistic Centre е нов, ексклузивен холистички центар во Скопје, создаден за луѓе кои бараат длабока релаксација, ослободување од напнатост и врвна професионална грижа. Кај нас, масажата не е само третман, туку целосно искуство. Доколку имаш искуство со масажи и знаеш како да создадеш врвно клиентско искуство, те покануваме да станеш дел од нашиот тим на следната работна позиција:

 

 ФИЗИОТЕРАПЕВТ-КА / МАСЕР-КА
СКОПЈЕ

 

 

Работни задачи:

  • Изведување терапевтски и релакс масажи со професионален пристап
  • Препознавање на потребите на клиентот и препорака на соодветен третман
  • Создавање чувство на удобност, доверба и сигурност кај клиентите
  • Градење долгорочни односи и клиентска лојалност
  • Одржување висок стандард на хигиена и организираност

 

Што очекуваме од тебе:

  • Искуство во масажи и/или физиотерапевтски третмани
  • Одлична мануелна техника и чувство за работа со тело
  • Знаење како да се препорача услуга и да се задржи клиентот
  • Професионалност и културен однос
  • Одговорност, точност и желба за континуирано усовршување

 

Што нудиме:

  • Работа во нов, уреден и модерен холистички центар
  • Стабилна соработка и коректни услови
  • Пријатна атмосфера и тимска поддршка
  • Можност за развој и усовршување

 

Како да аплицираш?

Ако ги поседуваш потребните квалификации прати CV на mk@jobs.com.mk 

 

За компанијата

VikLeo Holistic Centre е нов, ексклузивен холистички центар во Скопје, создаден за луѓе кои бараат длабока релаксација, ослободување од напнатост и врвна професионална грижа.

Контакт

Ти треба работа, консултација за вработување или сакаш да вработиш?

КОНТАКТИРАЈ НÈ