Детали за позицијата

 

 

ФЕНИКС Фарма ДООЕЛ Скопје е водечка веледрогерија на локалниот пазар и е член на германската групација PHOENIX, која е присутна во 29 земји ширум Европа. Водејќи се од нашата визија да бидеме најдобриот интегриран давател на здравствени услуги, секојдневно придонесуваме за подобра и побезбедна здравствена услуга, опфаќајќи го целиот синџир на снабдување во фармацевтската индустрија, од производителите на фармацевтски производи, сѐ до аптеките, докторите, болниците и пациентите.

Доколку сте прилагодливи, амбициозни, сакате предизвик, имате позитивен и професионален пристап кон работата,

Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим на работно место:
Фармацевтски техничар

 

 

Обврски и одговорности:

  • Барање на купувачите по точно утврден распоред (ден, време) имплементиран во надворешен software за автоматско контактирање со купувачите
  • Реализација на зададените месечни планови;
  • Познавање на комплетниот лагер и информирање на купувачите за: условите на продажба (цени, каса групи), нови лекови и др. артикли во лагерот, препарати во акција, дефектурни артикли
  • Познавање на купувачите, брз и ефикасен одговор кон купувачите надвор од распоредот, давање на потребни информации и наоѓање решение за барањата на купувачите;
  • Прифаќање на примедбите од купувачите, брзо и адекватно решавање на проблемите со цел подобрување на соработката со купувачите;

 

Потребни квалификации, вештини и способности:

  • ССС-фармацевтски техничар или ВСС;
  • Искуство во телефонска продажба, комерцијално работење или веледрогериско работење ќе се смета за предност
  • Познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office
  • Пожелно возачка дозвола Б категорија

Работниот однос за позицијата првично ce заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот.
 Доколку се пронајдете во горенаведениот опис, пратете ја својата пријава  на следната е-маил адреса: personal@phoenixpharma.com.mk
 Рокот за пријавување е 14 дена од датумот на објавување на огласот.
 Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.
Сите пристигнати апликации ќе се третираат како строго доверливи. 
Пристигнатите апликации ќе се чуваат во нашата база на податоци 2 години по истекување на огласот. 
Согласноста за чување на апликациите може да се повлече и пред истекот на наведениот рок на следната е-маил адреса: personal@phoenixpharma.com.mk

 

 

 

За компанијата

Кариера со перспектива

Ние сме успешна компанија присутна во 27 европски земји, со став карактеристичен за семејните компании. Тоа може да значи само една работа: нашите вработени се дел од нашето семејство.

Нашите активности

Ние се грижиме за стабилноста и континуитетот на нашата компанија. Како интегриран давател на здравствени услуги, ние нудиме безбедна, фер и одржлива работна околина на брзорастечкиот пазар за здравствена заштита.

Нашите основни вредности се сигурност, проактивност и почит. Всушност, тие ги обликуваат нашите одлуки и секојдневни активности.

Очекуваме и проактивно ги охрабруваме нашите вработени да имаат чувство на одговорност. Нашите вработени се среќаваат со широк спектар на професионални предизвици и можности за развој, низ цела Европа.

Зошто ние?

Денови на кариера и настани со човечки ресурси

Дознај повеќе

Контакт

Ти треба работа, консултација за вработување или сакаш да вработиш?

КОНТАКТИРАЈ НÈ