Детали за позицијата

Баксо ДООЕЛ има потреба од вработување на
Електро инсталатер
Потребни квалификации и искуство:
- Завршено средно стручно образование – електротехничка насока (ССС),
- Минимум 2 години работно искуство на слична позиција,
- Практично искуство во изведба, монтажа и одржување на електрични инсталации (станбени, деловни и индустриски објекти),
- Работа по електротехнички шеми и проекти,
- Инсталација на осветлување, приклучоци и разводни табли,
- Откривање и отстранување дефекти во инсталации,
- Познавање на електрични материјали, алати и мерни инструменти,
- Познавање на стандарди и мерки за заштита при работа,
- Возачка дозвола Б категорија ќе се смета за предност.
Лични вештини:
- Одговорност и прецизност,
- Способност за работа самостојно и во тим,
- Подготвеност за работа на терен.
Компанијата нуди:
- Стабилна и редовна плата по договор, во зависност од знаењето и квалификациите;
- Одлични услови за работа;
- Работна опрема;
- Други бенефити.
Доколку се пронаоѓате во овој опис и сакате да станете дел од нашиот тим, испратете ја вашата апликација со CV на info@bakso.mk