ГЕИНГ ДОО Скопје

Дипломиран Инженер Архитект-Планер

Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје е компанија лоцирана во Македонија, која испорачува комплетни решенија од областа на геотехниката, хидротехниката, енергетиката, рударството, патната инфраструктура и заштитата на животната средина.

Поради зголемен обем на работа Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје има потреба од вработување на:

Oглас за работна позиција: Дипломиран Инженер Архитект-Планер

Опис на работно место:

  • Одговорен проектант – Планер во Сектор Проектирање

Минимум потребни квалификации: 

  • Образование: Дипломиран инженер архитект – ВСС Архитектонски факултет (изработка и ревизија на урбанистичко-планска документација);

  • Работно искуство: Со искуство во изработка на урбанистичко-планска документација;

  • Предносе е доколку кандидатот поседува Овластување за изработка на урбанистичко – планска документација (Урбанистичко планирање);

  • Познавање на Англиски јазик (пишување и комуникација);

  • Компјутерски познавања: AutoCAD и MS Office.

Дополнителни квалификации/вештини/познавања:

  • Способност за тимска работа, комуникациски и аналитички способности, организираност и систематичност во работата;

  • Познавање и примена на законската регулатива во Република Северна Македонија.

Опис на работни задачи:

  • Изработка и ревизија на урбанистичко-планска и проектна документација од областа на архитектурата.

Вашата биографија и мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите:

  • По електронска пошта на: kariera@geing.com.mk
  • По пошта на адреса: ул. Борис Трајковски бр. 111 Скопје, најдоцна до 11.05.2025 година.
Премиум
Важи до 11 мај 2025