Детали за позицијата

Компанијата ТРАНСФЕРА нуди услуги за царинско застапување, организирање на меѓународен транспорт и складирање на стоки.

Тимот на ТРАНСФЕРА е составен од искусни професионалци со долгогодишно искуство во транспортот и логистиката. Главните предности на компанијата се флексибилност, посветеност кон работата и клиентите на кои им обезбедува интегрирана логистичка услуга. Нашиот тим експерти е подготвен да одговори на најпребирливите предизвици на клиентите и нуди прилагодени решенија на барања на корисникот.

Доколку сакате да комбинирате оперативна работа, примена на знаење од областа на царинските постапки и секојдневна комуникација со клиенти и државни институции – позицијата царински декларант е идеална можност за вас!

Во улогата на царински декларант, ќе бидете одговорни за целосната организација на процесот на царинење и законитоста на работењето на канцеларијата. Вашата работа има директно влијание врз ефикасноста на синџирот на снабдување и задоволството на клиентите, а преку соработка со царинските органи и внатрешните тимови, ќе градите стабилни и професионални односи што прават разлика.

Заради остварување на своите цели објавува оглас за вработување на следнава работна позиција:

 

Царински Декларант
(Скопје)

 

 

 

Опис на работното место:

  • Изработува документација за царинење
  • Подготвува или координира обезбедување на друга придружна документација за царинење
  • Прима и анализира налог за царинско застапување од раководителот на филијалата
  • Прибавува дозволи од разни инспекциски служби (санитарни, пазарни итн.)
  • Комуницира и координира решавање на потенцијални проблеми во постапката со колегите или клиентот
  • Поднесува потребна документација и комуницира со царински претставници во врска со постапката за царинење
  • Презема и проверува потребна документација од возачи (транспортери) и клиенти
  • Присуствува на преглед на стока
  • Подготвува и доставува информации за фактурирање
  • Ги следи промените во прописите во својата област

 

Карактеристики и квалификации:

  • Универзитетска диплома (пожелно е да е во надворешна трговија, Економија, Бизнис логистика, Шпедиција и Царина)
  • Минимум 2 години соодветно работно искуство
  • Лиценца за застапување во царински постапки – се смета предност
  • Познавање на увозни, извозни и транзитни постапки
  • Работно искуство со EXIM систем
  • Напредно познавање и работа со MS Office, особено Excel
  • Возачка дозвола Б категорија – активен возач
  • Познавање на англиски јазик (задолжително)
  • Одлични организациски и комуникациски вештини
  • Високо ниво на одговорност, точност и сигурност

 

Испратете го вашето CV ( молба ) на е-маил: katarina.smederevac@transfera.com 

 

 

Рокот за пријавување е заклучно до 07.02.2026 година.

За компанијата

Компанијата ТРАНСФЕРА нуди услуги за царинско застапување, организирање на меѓународен транспорт и складирање на стоки.

Тимот на ТРАНСФЕРА е составен од искусни професионалци со долгогодишно искуство во транспортот и логистиката. Главните предности на компанијата се флексибилност, посветеност кон работата и клиентите на кои им обезбедува интегрирана логистичка услуга. Нашиот тим експерти е подготвен да одговори на најпребирливите предизвици на клиентите и нуди прилагодени решенија на барања на корисникот.

Početna

Контакт

Ти треба работа, консултација за вработување или сакаш да вработиш?

КОНТАКТИРАЈ НÈ