
Асистент за продажба – Малопродажба (Скопје)
Дали сакаш работа каде што секојдневно им помагаш на луѓе и пристапуваш со разбирање и внимание кон нивните потреби?
Медикус Хелп го проширува својот тим и бара Асистент за продажба за работа во малопродажен објект во Скопје.
За работната позиција:
Како Асистент за продажба, ќе имаш клучна улога во директната комуникација со клиентите – ќе ги советуваш, ќе им помагаш при избор на медицински и ортопедски производи и ќе се грижиш за квалитетна услуга и пријатно искуство при секоја посета. Работата подразбира емпатичен пристап, бидејќи секој клиент има различна потреба, состојба и очекување. Со твојата професионалност и човечност, придонесуваш кон доверба, сигурност и задоволство кај клиентите.
Твоите секојдневни задачи ќе вклучуваат:
• Продажба на мало со професионално и емпатично услужување на купувачи
• Издавање медицински помагала на товар на ФЗОМ
• Работа со каса, фискални сметки и ПОС терминал
• Изготвување фактури и уредна административна документација
• Следење на залихи и изготвување нарачки до централен магацин
• Прием, контрола и уредно распоредување на производи
Кого бараме:
• Завршено средно стручно образование (медицинско образование е предност)
• Солидно познавање на MS Office
• Познавање на англиски јазик (средно ниво)
• Искуство во продажба е плус, но не е услов
Ти си вистинскиот кандидат ако:
• Пристапуваш кон луѓето со разбирање, трпение и почит
• Знаеш да слушаш и да понудиш соодветно решение
• Си комуникативен/на, одговорен/на и ориентиран/а кон клиентот
• Сакаш тимска работа и континуирано учење
Што нудиме:
• Стабилно вработување во компанија која се грижи и за клиентите и за вработените
• Поддржувачка и пријатна работна средина
• Почетна и континуирана обука
• Систем за професионален раст и унапредување, согласно индивидуалните квалификации, знаења и перформанси
• Мотивирачки систем на бонуси базиран на јасно дефинирани KPI цели
Заинтересиран/а си? Испрати ни CV на rabota@medicushelp.mk
Рок за аплицирање: 31.12.2025 година