Детали за позицијата

 

Мастербет ДООЕЛ Скопје


ВРАБОТУВА


АСИСТЕНТ ВО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

 

Брендот AСТРА, членка на групацијата Новоматик – Австрија, присутен на македонскиот пазар од 2005 година и лидер во индустријата за игри на среќа, го проширува својот HR тим.

Доколку си организирана, дискретна и сакаш да ја градиш својата кариера во човечки ресурси во стабилен и интернационален систем оваа позиција е одлична можност за тебе. 

 

Опис на работната позиција:

  • Поддршка во процесот на регрутација и селекција (објавување огласи, комуникација со кандидати, координација на интервјуа)

  • Подготовка и архивирање на документација поврзана со вработени

  • Водење и ажурирање на евиденција за вработени

  • Поддршка во процесот на воведување на нови вработени (onboarding)

  • Комуникација со институции и надворешни соработници

  • Учество во организација на интерни настани и активности за вработени

  • Административна поддршка на HR менаџерот

Потребни квалификации:

  • Високо образование

  • Претходно искуство во човечки ресурси 

  • Одлични организациски и комуникациски способности

  • Високо ниво на дискретност и одговорност при работа со доверливи информации

  • Познавање на работно законодавство (предност)

  • Одлично познавање на MS Office пакет

  • Познавање на англиски јазик

Нудиме:

  • Работа во стабилна и реномирана компанија

  • Професионална и поддржувачка работна средина

  • Можност за учење и кариерен развој во областа на човечки ресурси

  • Конкурентна плата

  • Стабилно работно место

  • Позитивна и структурирана организациска култура

Начин на аплицирање:

Заинтересираните кандидати потребно е да достават CV на: rabota@astra.mk

Во насловот на e-mail пораката наведете: „Апликација за Асистент во човечки ресурси“.

 

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. 

 

За компанијата

Брендот AСТРА е членка на групацијата Новоматик, Австрија. Присутен во Македонија уште од 2005 година и е прв и водечки бренд во индустријата за игри на среќа.  За Нас – Astra

Контакт

Ти треба работа, консултација за вработување или сакаш да вработиш?

КОНТАКТИРАЈ НÈ