Медикус Хелп

АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА

 

Асистентот за продажба во Медикус Хелп ја организира работата во продавницата, активно учествува во креирање и спроведување на задачи поврзани со секојдневно функционирање на продавницата.

Дел од работните задачи:

  • Продажба и услуга на клиентите,
  • Следење на залихата на производи и учество во процесот на нарачки,
  • Прием и организирање на роба во магацин.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Минимум завршено средно образование (предност медицина);
  • Познавање на работа со компјутери;
  • Познавање на англиски јазик.

ЛИЧЕН ПРОФИЛ

  • Професионален однос кон работата;
  • Одлични комуникациски способности;
  • Способност за организација и продажба;
  • Подготвеност да се одговори на потребите на клиентите за да се задоволат нивните потреби, барања и очекувања;
  • Способност за индивидуална и тимска работа.

Ние ви нудиме:

  • Вкупно 40 работни часови во неделата;
  • Бонуси согласно КПИ и можност за напредок во кариерата;
  • Платена едукација;
  • Одлична работна атмосфера.

Апликациите треба да бидат доставени на e-пошта: rabota@medicushelp.mk

30 години Медикус Хелп – Твојот вистински пријател   

За да бидете уникатни, успешни и да опстоите низ годините, потребно е да работите со љубов и целосна посветеност. Токму тоа беше мотивот, кога во раните деведесети години се поставија темелите на Медикус Хелп. Водени од желбата да им помогнеме на корисниците на медицински помагала, создадовме компанија која ќе го понуди најдоброто за нивното здравје. Но не застанавме тука.

Во текот на три децении постојано растевме и го надградувавме нашето портфолио во повеќе сегменти: рехабилитација, превенција, компресивен програм, производи за постмастектомија, перики, кислородна терапија… Низ годините се соочувавме со убави и тешки моменти. Но со секој нов ден учевме и се стремевме кон подобри резултати, подобра услуга, поголема достапност…
И тоа сеуште трае.

Се трудевме да ја достигнеме секоја наша поставена цел, но остваривме и многу повеќе од очекуваното. Го сочувавме највредното, вашата поддршка и доверба. Станавме ваш верен сојузник во борбата за подобро здравје и поквалитетен живот. За нас тоа претставува голема обврска, поттик да продолжиме со исто темпо и мотив дека секогаш може и подобро. Она што не прави горди е нашиот едуциран тим на вработени кои со својата посветеност, емпатија и индивидуален пристап кон клиентите имаат решение за секој проблем. Тие се нашата најголема гаранција дека ќе ја зачуваме традицијата на нашата компанија. Нашиот поглед во иднината е насочен кон надградување, развивање и усовршување. Со нови специјализирани продавници и онлајн продавницата се трудиме да дојдеме до секој корисник и до секој дом, да останеме синоним за најдобра услуга и квалитетни производи.

Премиум
Важи до 12 ноември 2024