ГЕИНГ ДОО Скопје

Административен асистент / Архивар

Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје е компанија лоцирана во Македонија, која испорачува комплетни решенија од областа на геотехниката, хидротехниката, енергетиката, рударството, патната инфраструктура и заштитата на животната средина. Поради зголемен обем на работа Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје има потреба од вработување на:

Oглас за работна позиција: Административен асистент / Архивар

Опис на работно место:

  • Врши прием на документи, нивно прегледување и распоредување

  • Врши архивирање на документи во деловодникот и нивно проследување

  • Се грижи за правилна распределба на документите во работа, нивно копирање, скенирање и складирање

  • Води евиденција на документите по пат на електронска обработка на податоци

  • Води контрола и дополнување на елаборати и книги во библиотека како и нивно задолжување и раздолжување

  • Извршува и други задачи по налог на Директор на Администрација, Извршен директор и Управител/и

Минимум потребни квалификации: 

  • Образование: ССС/ВСП
  • Работно искуство: Работно искуство во областа на канцелариско и архивско работење и административно работење.
  • Познавање на работа со компјутери (MS Office)

Дополнителни квалификации/вештини/познавања:

  • Организациски способности, комуникативност, тимска работа, доверлива личност.

Вашата биографија и мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите:

  • По електронска пошта на: kariera@geing.com.mk
  • По пошта на адреса: ул. Борис Трајковски бр. 111 Скопје, најдоцна до 15.04.2025 година.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.

Премиум
Важи до 15 април 2025