Вработените добиваат можност да го зголемат својот квалитет на живот преку најголемата бенефит програма во земјата.
Kit-Go и Viva Fresh Store заедно со своите партнери ја започнуваат најголемата бенифициска програма за своите вработени!
Компаниите Kit-Go маркети и Viva Fresh Store започнаа нова бенефициска програма која им овозможува на сите нивни вработени да пазаруваат со ексклузивни попусти од 10% до 50% во повеќе од 50 продажни места низ Македонија.
Оваа бенефициска програма започнува од 01.12.2025год., и е дел од долгорочната стратегија на компанијата за создавање на најголемата партнерска мрежа во Македонија, која ги поврзува вработените со бројни партнерски компании и услуги.
Со програмата, вработените ќе можат да уживаат во придобивки во следните продажни центри:
- Аптеки
- Салони за убавина
- Хотели и спа центри
- Бутици и продавници за облека
- Кафетерии, ресторани и сендвичари
- Салони за мебел
- Фитнес центри
- Салони за спортска опрема
- Оптики
- Авто-салони
- Приватни училишта, училишта за странски јазици и градинки
- Туристички агенции
- Салони за мобилни телефони
- Салони и продавници за миленици
“Со оваа програма на нашите вработени сакаме да им овозможиме реални и видливи придобивки кои директна ја подобруваат нивната благосостојба. Тие се нашиот најбитен капитал и преку оваа иницијатива покажуваме дека нивната посветеност знаеме да ја цениме и вреднуваме. Бенифициската програма е дизајнирана согласно потребите на нашите колеги, овозможувајќи лесен пристап кон услугите на нашите партнери, зајакнувајќи го чувството на заедништво и тимскиот дух. На овој начин не само што обезбедуваме бенфиции за нашите вработени него градиме силна постојана партнерска мрежа која создава долгорочна вредност за сите учесници“ изјави Стојанче Тодороски – директор на човечки ресурси и администрација во Кит го и Viva Fresh store.“
Бенефит програмата ја потврдува посветеноста на компанијата кон вработените и ја истакнува визијата дека зад секој успешен бренд стои мотивиран и задоволен тим.
Со оваа иницијатива, вработените имаат можност да го зголемат својот квалитет на живот, да добијат дополнителни поволности во својата секојдневна работа и слободно време и да учествуваат во создавање на заедничка вредност која ги поврзува сите партнери и колеги.
Оваа програма ја позиционира компанијата како лидер во грижа за вработените и ја потенцира визијата за одржлив и динамичен развој на партнерската мрежа.
Тодороски, со речиси две децении искуство во водечките компании во трговијата, е еден од ретките HR професионалци кој ја пренесува својата порака во дело.




