Со гордост објавуваме дека КАМ Маркет  ја продолжуваат соработката со jobs.com.mk – платформа која станува прв избор за водечките компании во земјава при пронаоѓање кадар и објавување огласи.

 

Довербата која КАМ повторно ни ја укажа не ја разбираме како обична деловна одлука – туку како потврда дека сме на вистинскиот пат, создавајќи мост меѓу најдобрите работодавачи и квалитетни кандидати.

КАМ е препознатлива компанија која континуирано инвестира во своите вработени, овозможувајќи конкурентна плата и одлични бенефиции:

  •  Регрес, речиси 3 пати поголем од законски пропишаниот
  •  Платен превоз
  •  Платено колективно осигурување
  •  Бонус за препорачан пријател за работа
  •  Слободен ден за роденден
  •  Ваучер за склучен брак
  •  Ваучер за спортска опрема
  •  Картичка за спорт
  •  Пакет за новороденче
  •  Училичен пакет производи
  •  Пакет производи за верски празници согласно вероисповест
  •  Попусти за одмор во хотел Village (Охрид).

 

 

 

Како платформа, нашата мисија отсекогаш била јасна: да ја направиме потрагата по работа поефикасна, потранспарентна и достапна за сите. Фактот што најголемиот ланец на маркети повторно ја избра нашата платформа за вработување, е доказ дека таа мисија се остварува – чекор по чекор.

Благодариме за укажаната доверба. Подготвени сме на уште една година заеднички успеси, квалитетни огласи и уште повеќе вработени!