Детали за позицијата
За потребите на наш клиент, етаблирана компанија со повеќе од 50 вработени,
која бележи континуиран раст и соработува со реномирани светски брендови, отворена е позиција за:
ШЕФ НА СЕРВИС
Работна локација: Скопје
Главни одговорности:
- Организација, координација и надзор на секојдневното работење на сервисот.
- Распределба на работните задачи и следење на продуктивноста на сервисниот тим.
- Контрола на квалитетот и навременото извршување на сервисните услуги.
- Следење на работните налози, роковите и задоволството на клиентите.
- Решавање на оперативни предизвици и унапредување на работните процеси.
Потребни квалификации:
- Претходно работно искуство во сервисно работење или техничко-оперативно раководење.
- Организациски и лидерски способности.
- Одговорност, самостојност и ориентираност кон резултати.
- Развиени комуникациски и координативни вештини.
Нашиот клиент нуди:
- Конкурентен месечен надомест.
- Стабилно вработување во етаблирана компанија.
- Можност за професионален развој и напредување.
- Работа во динамична средина со воспоставени брендови и стандарди.
Заинтересираните кандидати потребно е да достават CV исклучиво преку следната Е-маил адреса:
contact@jobs.com.mk
НАПОМЕНА:
По завршувањето на огласот, само апликантите кои ги исполнуваат условите и ќе поминат предселекција, ќе бидат повикани на интервју.