Детали за позицијата
За потребите на наш клиент, успешна и етаблирана компанија со повеќе од 50 вработени,
која соработува со светски брендови и активно го проширува своето работење, отворена е позиција за:
СУПЕРВИЗОР НА ГОЛЕМОПРОДАЖБА
Работна локација: Скопје
Главни одговорности:
- Координација, организација и следење на работата на тимот комерцијалисти.
- Планирање и реализација на продажните цели.
- Активно следење и зголемување на продажните резултати.
- Развој и одржување на деловни односи со постојни клиенти и партнери.
- Идентификување нови продажни можности и потенцијални клиенти.
- Анализа на продажните резултати и подготовка на извештаи.
- Мотивирање, насочување и следење на успешноста на продажниот тим.
Потребни квалификации:
- Претходно искуство во B2B продажба и/или големопродажба.
- Искуство во координација или водење продажен тим ќе се смета за предност.
- Развиени преговарачки, комуникациски и презентациски способности.
- Аналитички пристап и силна ориентираност кон продажни резултати.
- Проактивност, иницијативност и способност за поставување и реализирање цели.
Нашиот клиент нуди:
- Одговорна позиција со можност за влијание врз продажната стратегија.
- Конкурентен финансиски пакет.
- Работа со реномирани светски брендови.
- Можност за професионален развој во компанија со континуиран раст.
Заинтересираните кандидати потребно е да достават CV исклучиво преку следната Е-маил адреса:
contact@jobs.com.mk
НАПОМЕНА:
По завршувањето на огласот, само апликантите кои ги исполнуваат условите и ќе поминат предселекција, ќе бидат повикани на интервју.