Детали за позицијата

 

 

 

Барате работна средина каде што вашата креативност, стратешко размислување и желба за градење долгорочни односи со клиентите ќе дојдат до израз?

Ја создаваме оваа позиција за да им понудиме дополнителна вредност на нашите лојални корисници. Човекот на оваа позиција ги анализира потребите на клиентите, ги осмислува и развива програмите за лојалност и соработува со сите тимови за да обезбеди привлечни поволности кои ќе ги задржат нашите корисници задоволни и ангажирани.

Во Кроација Осигурување АД – Неживот го прошируваме тимот и бараме Специјалист за развој и управување со програми за лојалност.

 

Што ќе работите

  • Ќе ги разберете потребите на клиентите и деловната цел на компанијата
  • Ќе осмислите нова вредносна понуда (customer proposition
  • Ќе ја претворите идејата во конкретна програма: модел на поволности, механики на лојалност и патување на клиентот од регистрација до прво користење
  • Ќе осмислите нова вредносна понуда (customer proposition)
  • Ќе изработите бизнис случај со јасни претпоставки, трошоци, придобивки и ROI
  • Ќе ја дефинирате првата верзија на програмата (MVP) и приоритетите за следните фази
  • Ќе ја дефинирате понудата за партнерите и ќе градите партнерска мрежа, од идентификација до преговори
  • Ќе ги поврзете CRM, маркетингот, продажбата, ИТ, правните функции и надворешните партнери
  • Ќе го водите комплексниот проект од идеја до лансирање на пазарот
  • По лансирањето, ќе одговарате за резултатите на програмата преку клучни KPI (регистрирани и активни членови, користење на поволности, задржување на клиенти) и ќе ја унапредувате врз основа на однесувањето на клиентите

 

Кого бараме:

  • Критичко размислување и искуство во развој на програми за лојалност или грижа за корисници.
  • Способност за анализа на податоци (основно познавање на SQL, Power BI или сродни алатки е предност) и желба за учење.
  • Одлични комуникациски, преговарачки и организациски вештини.
  • Креативност и способност за јасно презентирање на идеи и заклучоци.

 

Што бараме?

  • Високо образование (економија, маркетинг, менаџмент или слична област)
  • Минимум 3 години работно искуство во развој и лансирање на програми за лојалност
  • Искуство во разбирање на клиентски потреби и осмислување на нова понуда
  • Искуство во водење комплексни проекти и во соработка меѓу повеќе функции (CRM, маркетинг, продажба, ИТ, правна служба, партнери)
  • Аналитичко и стратешко размислување, ориентација кон резултати и KPI
  • Одлична комуникација и вештини за преговарање со партнери

 

Доколку се препознавате во овој профил, испратете го вашето CV на hr@crosig.mk

со назнака „Специјалист за развој и управување со програми за лојалност“

најдоцна до 23.11.2026 година.

За компанијата

Кроација Осигурување – Неживот АД Скопје

Пазарот за неживотно осигурување во РС Македонија бележи континуиран раст, а Кроација Осигурување – Неживот АД Скопје претставува еден од најзначајните и најсигурни носители на овој сегмент. Компанијата е основана како дел од Croatia Osiguranje dd. Загреб, која има повеќе од 140 години традиција и е регионален лидер во осигурителната индустрија.

Кроација Осигурување – Неживот АД Скопје | Осигурување со Традиција

Контакт

Ти треба работа, консултација за вработување или сакаш да вработиш?

КОНТАКТИРАЈ НÈ