

ЕГЗОТИК ТРЕЈД ДОО Скопје е компанија која успешно го гради својот бренд РАЈСКА ГРАДИНА во областа на прехранбената индустрија преку производство, пакување и дистрибуција на зачини, макала и путери.
Поради проширување на тимот компанијата има потреба од следното работно место:
ДИСТРИБУТЕР
Локација Скопје
Опис на работно место:
Дистрибуција на производите од портфолиото на компанијата до продажните места со кои компанијата има склучено договор за деловна соработка.
Правилно ракување и утовар/истовар на робата
Водење на основна документација при достава
Безбедно управување со возилата за дистрибуција
Редовно одржување на возилото во исправна и чиста состојба
Почитување на процедурите на работа
Квалификации:
Образование: минимум ССС
Возачка дозвола: Б категорија (активен возач)
Работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
Лични карактеристики:
Иницијатива, комуникативност, одговорност, организираност
Проактивен и професионален пристап во работата
Чесност
Тимска работа и желба за учење, напредок и усовршување
Ние нудиме:
Пријатна работна средина
Редовни месечни примања (висината на платата зависи од стекнатото образование, доусовршување и поминати обуки, видот и должината на работното искуство, потребното предзнаење согласно описот на работното место)
Колективно осигурување
Вработување на определено време од 1 месец со можност за продолжување
Работно време од 07.00 до 15.00 часот
Кратка биографија и мотивационо писмо со назнака за работно место Дистрибутер на е-маил:
По извршена селекција само одбраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Рок за избор 30 дена.
Компанијата обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува сите соодветно квалификувани кандидати, без оглед на пол, раса, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.
Рајска Градина е македонски бренд кој постои од 2008 година со широката палета на производи. Рајска Градина пакува и дистрибуира зачини, семиња, суво овошје и зеленчук. Произведува макала од лук и путери од јаткасти плодови.
Производите се наоѓаат во малопродажба во маркетите на: РАМСТОР, ВЕРО, ЖИТО, КАМ, СТОКОМАК, ГИГО ТРЕЈД, ГРАНДПРОМ ЗУР, ОМЕР КОМПАНИ, МБ ИЛИНДЕН, ГРАНАП, ФУТУРА Прилеп и мн.други низ цела Македонија.