Детали за позицијата

​

Производителот на сувомесни производи и трговец на големо со прехрамбени производи

ПЕКАБЕСКО АД

заради остварување на своите цели објавува оглас за следнава работна позиција:

КАРТОТЕКАР ВО МАГАЦИН – 1 ИЗВРШИТЕЛ

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
  • ССС – ( општа гимназија или економско образование),
  • Предност ќе имаат кандидатите што работеле на работна позиција картотекар,
  • Развиени компјутерски вештини.
Работни задачи:
  • Ја води картотеката на стоките и оперира со магацинската евиденција,
  • Изготвува навремени извештаи за комерцијална служба поврзани со настанатите промени и состојби на стоките во магацинот,
  • Учествува во редовни пописи,
  • Обработува и останата документација од делокругот на магацинското работење.
Работни услови:
  • Работниот однос се склучува на определено време од 3 месеци ( со можност за продолжување ),
  • Нето плата по договор,
  • Обезбеден е топол оброк.
  • Работното време е од понеделник – петок, од 11 до 19 часот, сабота по потреба, додека неделното работно време изнесува 40 часа.
Напомена:
  • Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 10 дена по истекот на рокот за пријавување.
  • Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги задоволуваат критериумите. – Испратете го вашето CV ( апликација ) на е-маил cv@pekabesko.com.mk
  • Апликациите да се достават заклучно со 20.11.2026 година.

 

Пекабеско АД

За компанијата

pekabesko.com.mk/za-nas

Контакт

Ти треба работа, консултација за вработување или сакаш да вработиш?

КОНТАКТИРАЈ НÈ