Детали за позицијата

ПРИЈАТЕЛИ Вработува:
Mагационер
(Битола)
Најголемиот ланец на пет шопови во Македонија постојано расте!
Потребен ни е уште еден член во тимот за Главен Магацин БИТОЛА.
Потребни квалификации:
- Минимум завршено средно образование;
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност;
- Одговорност, чесност и способност за тимска работа;
- Физичка подготвеност за работа во магацински услови;
- Основни познавања од работа со компјутер;
- Возачка дозвола Б категорија.
Ваши главни одговорности:
- Прием, истовар, складирање и евиденција на робата во магацинот;
- Подготовка на нарачки, пакување и достава на роба и потрошен материјал до сите малопродажни објекти;
- Вршење на редовен попис и контрола на состојбата на залихите;
- Одржување на ред, чистота и безбедност во работниот простор;
- Комуникација со другите малопродажни објекти за навремена испорака на стоката.
Плата и Пакет за заработка
Ние ја цениме Вашата вредност и искуство. Нудиме јасни и транспарентни услови:
• Почетна плата со искуство: 33.000 денари.
• Почетна плата без искуство: 30.000 денари.
• Максимален потенцијал за заработка: до 38.000 денари (вклучени бонуси и додатоци за продуктивност).
+ ПЛУС: ПЛАТЕН СЕКОЈ ПРЕКУВРЕМЕН ЧАС додека сте на пат во вредност од 200 денари по час, со што се надминува максимумот од 38.000денари кој е наведен погоре.
Бенефиции:
- Сигурност: Пријавен и платен работен стаж (долгорочна стабилност).
- Финансиски додатоци: Регрес за годишен одмор (К-15 во согласност со законските прописи).
- Платен превоз: За сите вработени со оддалеченост на живеење над 6 километри.
- Бонус „Препорачај пријател“: Дополнителна награда ако доведеш добар колега во тимот.
- Попусти: Поволни цени и специјални кориснички попусти од производите за твоите миленици.
- Развој: Личен и професионален развој со можност за постојан напредок во компанијата.
Пријави се!

За компанијата
Нашата приказна започна на 10.10.2010 година во Битола.
Денес, со гордост можеме да кажеме дека сме најголемиот ланец на пет шопови во Македонија и бренд со најдолга традиција на пазарот.
Милениците се нашите најверни ПРИЈАТЕЛИ – токму затоа го избравме ова име, како симбол за нераскинливата врска и најголемото пријателство меѓу нас и нив!
Уште од првиот ден, кога ги отворивме вратите на нашата прва физичка продавница, нашата мисија останува иста:
да едуцираме и да понудиме уникатен асортиман, квалитетни производи, како и вкусна разновидна храна за вашите и нашите миленици.
Директни увозници – Најдобри цени и ексклузивни брендови
Она што нè прави уникатни на пазарот е тоа што дури 97% од нашиот асортиман е наш сопствен увоз.
Како генерални увозници и застапници за Македонија на врвни светски брендови (како Brit, Carnilove, Aquael, Camon, Flamingo, Lolo Pets, Vitapol, Flexi, Cat’s White и многу други), на нашите купувачи им гарантираме:
- Најдобар сооднос помеѓу цената и квалитетот (директно од фабрика, без посредници).
Pet Shop Prijateli (Пет Шоп Пријатели) – Najgolemiot pet shop vo Makedonija Најголемиот пет шоп во Македонија
- Постојана достапност на производите во секое време.
- Ексклузивен избор на храна и опрема што нема да ги најдете на друго место.
Онлајн купување достапно 24/7
За да бидеме уште подостапни за Вас, во 2011 година, само една година по почетокот, ја лансиравме нашата веб-страница. Бевме меѓу првите на пазарот што овозможија брза достава на производите до Вашиот дом со флексибилен избор за наплата (при преземање или со платежна картичка).
Денес, нашата онлајн продавница Ви нуди:
-
- Достапност 24/7 – купувајте кога сакате, од каде сакате.
- Брза и сигурна испорака директно до Вашата адреса.
- Избор на начин на плаќање (во готово или онлајн).
- Лесна замена или враќање на производите согласно законите на Р. Македонија.
Нашите локации
Денес, со гордост Ве очекуваме на нашите локации ширум Македонија, како и во нашиот главен магацин:
-
- Битола – Пријатели 1 (Кај Поштата)
- Битола – Пријатели 2 (Нов Пазар)
- Битола – Пријатели 3 (Бела Чешма)
- Велес – Пријатели 4 (Кај Гимназијата)
- Кавадарци – Пријатели 5 (Кај Зелен Пазар)
- Струмица – Пријатели 6 (Кај Болницата)
- Охрид – Пријатели 7 (Крст Џамија)
- Битола – Пријатели 8 (Партизанска)
- Битола – Главен магацин (Комплекс Битола Текст)
Нашата цел е постојано да се прошируваме, сè додека не стигнеме поблиску до секој дом каде што живее еден среќен миленик!