Детали за позицијата

 

 

 

 

 

ПРИЈАТЕЛИ Вработува:

Асистент за продажба

(Охрид)

 

Најголемиот ланец на пет шопови во Македонија постојано расте!

Потребен ни е уште еден член во тимот за Регион Охрид – ПРИЈАТЕЛИ 7 (Крст Џамија).

 

Плата и Пакет за заработка

Ние ја цениме Вашата вредност и искуство. Нудиме јасни и транспарентни услови:

  • Позиција со искуство: 33.000 ден. (претходно искуство во пет шоп / плата со додатоци)
  • Позиција без искуство: 30.000 ден.
  • Максимален потенцијал за заработка: до 38.000 ден. (преку остварена продуктивност, плата со додатоци и бонуси)

Твои Бенефиции:

  • Сигурност: Пријавен и платен работен стаж (долгорочна стабилност).
  • Финансиски додатоци: Регрес за годишен одмор (К-15 во согласност со законските прописи).
  • Платен превоз: За сите вработени со оддалеченост на живеење над 6 километри.
  • Бонус „Препорачај пријател“: Дополнителна награда ако доведеш добар колега во тимот.
  • Попусти: Поволни цени и специјални кориснички попусти од производите за твоите миленици.
  • Развој: Личен и професионален развој со можност за постојан напредок во компанијата.

Работно време и организација:

  • Работа во две смени (флексибилност и организација на работното време).
  • Работни денови: Од понеделник до сабота.
  • Недела е неработен ден.

Клучни одговорности:

  • Препорачување и продажба на производи според потребите на потрошувачите.
  • Секојдневна грижа за животните (хранење, чистење и одржување на милениците и аквариумите).
  • Администрација, водење е-маил комуникација и следење на внатрешните процедури.
  • Подготовка на нарачка, логистика и прием на стока од главниот магацин еднаш неделно.
  • Грижа за чистотата, уредноста и изгледот на комплетната продажна површина.

 

Што бараме?

  • Искрена љубов и основно познавање на домашни миленици и акваристика.
  • Познавање на дигитални алатки (секојдневна е-маил и вибер комуникација)
  • Комуникативност, љубезност и одличен однос со клиенти.
  • Тимски дух и способност за ефикасно справување под притисок.

 

Пријави се!

 

 

За компанијата

Нашата приказна започна на 10.10.2010 година во Битола.
Денес, со гордост можеме да кажеме дека сме најголемиот ланец на пет шопови во Македонија и бренд со најдолга традиција на пазарот.
Милениците се нашите најверни ПРИЈАТЕЛИ – токму затоа го избравме ова име, како симбол за нераскинливата врска и најголемото пријателство меѓу нас и нив!

Уште од првиот ден, кога ги отворивме вратите на нашата прва физичка продавница, нашата мисија останува иста:
да едуцираме и да понудиме уникатен асортиман, квалитетни производи, како и вкусна разновидна храна за вашите и нашите миленици.

Директни увозници – Најдобри цени и ексклузивни брендови
Она што нè прави уникатни на пазарот е тоа што дури 97% од нашиот асортиман е наш сопствен увоз.
Како генерални увозници и застапници за Македонија на врвни светски брендови (како Brit, Carnilove, Aquael, Camon, Flamingo, Lolo Pets, Vitapol, Flexi, Cat’s White и многу други), на нашите купувачи им гарантираме:
  • Најдобар сооднос помеѓу цената и квалитетот (директно од фабрика, без посредници).

Pet Shop Prijateli (Пет Шоп Пријатели) – Najgolemiot pet shop vo Makedonija Најголемиот пет шоп во Македонија

  • Постојана достапност на производите во секое време.
  • Ексклузивен избор на храна и опрема што нема да ги најдете на друго место.

 

Онлајн купување достапно 24/7
За да бидеме уште подостапни за Вас, во 2011 година, само една година по почетокот, ја лансиравме нашата веб-страница. Бевме меѓу првите на пазарот што овозможија брза достава на производите до Вашиот дом со флексибилен избор за наплата (при преземање или со платежна картичка).
Денес, нашата онлајн продавница Ви нуди:
    • Достапност 24/7 – купувајте кога сакате, од каде сакате.
    • Брза и сигурна испорака директно до Вашата адреса.
    • Избор на начин на плаќање (во готово или онлајн).
    • Лесна замена или враќање на производите согласно законите на Р. Македонија.

 

Нашите локации
Денес, со гордост Ве очекуваме на нашите локации ширум Македонија, како и во нашиот главен магацин:
    • Битола – Пријатели 1 (Кај Поштата)
    • Битола – Пријатели 2 (Нов Пазар)
    • Битола – Пријатели 3 (Бела Чешма)
    • Велес – Пријатели 4 (Кај Гимназијата)
    • Кавадарци – Пријатели 5 (Кај Зелен Пазар)
    • Струмица – Пријатели 6 (Кај Болницата)
    • Охрид – Пријатели 7 (Крст Џамија)
    • Битола – Пријатели 8 (Партизанска)
    • Битола – Главен магацин (Комплекс Битола Текст)

 

Нашата цел е постојано да се прошируваме, сè додека не стигнеме поблиску до секој дом каде што живее еден среќен миленик!

Контакт

Ти треба работа, консултација за вработување или сакаш да вработиш?

КОНТАКТИРАЈ НÈ