Детали за позицијата

 

ОГЛАС ЗА КОМЕРЦИЈАЛИСТ / ХОРЕКА КОМЕРЦИЈАЛИСТ

За компанијата: Прилепска пиварница А.Д. Прилеп со континуирано инвестирање во производниот процес уште од своето основање во 1924 година па до денес, постојано го подобрува квалитетот на своите постојни производи и создава нови, Заштитен знак на „Прилепска Пиварница“ е високо квалитетно пиво, почнувајќи од Златен Даб и Крали Марко, како едни од водечките домашни брендови на пиво, па се до Tuborg и Carlsberg, кои се едни од најквалитетните светски пива, а нивни единствен овластен дистрибутер е „Прилепска Пиварница“.

,,Прилепска Пиварница“ произведува и освежителен газиран безалкохолен пијалак Газоза. Како овластен полнител на безалкохолни пијалaци, „Прилепска Пиварница“ ги полни пијалаците на „Pepsi Cola International“: Pepsi, Pepsi Lime, 7UP, Mirinda Lemon и Mirinda Orange. Овластен дистрибутер е и на пијалаците од Књаз Милош.

 

Прилепска пиварница А.Д. Прилеп има потреба од: Комерцијалист / Хорека комерцијалист за Скопје

Локација: Скопје

 

Потребни квалификации:

  • Завршено средно или високо образование

  • Искуство на иста работна позиција ќе се смета за предност

  • Одговорност

  • Способност за индивидуална и тимска работа

  • Возачка дозвола Б категорија

 

Одговорности и задачи:

  • Врши посета на купувачи во определен реон

  • Се грижи и врши наплата на побарувањата на пиварницата од своите коминтенти

  • Тековно ги известува коминтентите за нивниот долг кон пиварницата и за состојбата со невратената амбалажа и настојува за што е можно побрзо наплаќање на побарувањата на пиварницата

  • Го прати пазарот и дава предлози за проширување

  • Ја спроведува статегијата за развој на определен пазар

  • Прави сегментирана (по дејност, по објекти, по потрошувачка на видови производи, по возраст итн) „ карта „ на својот терен

  • Го контролира односот према производите од магацин, возило до изложеноста и позиционирањето во продажниот објект

  • Директно на терен има пресудна улога во распоредувањето на рекламниот матријал

  • Се грижи за реализација на планот за продажба

  • Се грижи за спроведување на маркетиншките активности

  • Се грижи за позиционираноста како и изгледот и состојбата на рекламните материјали во објектите

 

Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии можат да ги испратат на: e-mail: skopje@pripiv.com.mk

со назнака Комерцијалист / Хорека комерцијалист најдоцна до 07.11.2026 година

За компанијата

ПрилеПска Пиварница

Кои се нашите вредности

ZlatenDab-Vrednosti-1

Грижа за вработените

Фамилијарни вредности

• Почит спрема вработените
• Припадност во големото семејство
• Го негуваме односот кон вработените

Континуиран напредок

• Континуирано работиме кон унапредување на процесите на работа и нивна оптимизација.

Развој на вработени

• Идентификуваме области за развој (тимски и организациски).
• Поттикнуваме претприемачки дух, иницијативност, само-развој, како и развој за останатите со цел адаптација на промените кои би следувале во кариерниот развој.

Работна атмосфера
• Слобода и флексибилност за развој, комуникација, работа и достапност на менаџментот.

ZlatenDab-Vrednosti-2

Стабилност и сигурност

Лојалност

• Одговорност на вработените и одговорност кон вработените.
• Позитивна поддршка преку однесувањето на вработените, комуникација внатре и надвор.

Истрајност

• Стабилни и цврсти во ставовите кои ги имаме.
• Одлучни во постигнувањето на целта и резултатите.

Постојаност

• Редовноста и финансиската стабилност и сигурност.
• Издржаност на активностите кои се преземаат.

ZlatenDab-Vrednosti-3

Гордост

Иновативност

• Постојаноста на пазарот и следење на трендовите не прави модерни.
• Континуирано инвестирање во најнова технолошка опрема.
• Инвестирање во нашите брендови.

Традиција

• Дисциплината, духот, припадноста, чувството дека си дома.
• Различни генерации, многу приказни, случки, анегдоти преточени во „Сеќавања“.

Имиџ / Репутација

• Силен компаниски бренд.
• Стабилни и силни брендови.
• Модерна компанија.

Контакт

Ти треба работа, консултација за вработување или сакаш да вработиш?

КОНТАКТИРАЈ НÈ