Детали за позицијата

 

 

 

Барате работна средина каде што вашите аналитички вештини и амбиција ќе дојдат до израз?

Ја создаваме оваа позиција за да ги претвориме податоците од работењето во јасни извештаи и подобри одлуки. Човекот на оваа позиција ги запознава деловните процеси одблиску, ги анализира податоците од нив и ги прикажува резултатите во Power BI.

 

Во Кроација Осигурување АД – Неживот го прошируваме тимот и бараме Специјалист за анализа на податоци.

 

Што ќе работите:

  • Анализа на податоци од штети, продажба и портфолио и подготовка на извештаи во Power BI.

  • Следење на клучни показатели, трендови и отстапувања и предлагање конкретни подобрувања.

  • Мерење на ефектот од воведените промени.

  • Грижа за точноста и конзистентноста на податоците.

  • Автоматизација на повторливи аналитички задачи.

 

Кого бараме:

  • Критичко размислување и желба да се влезе во деталите на процесите и најдобрите аналитички практики од областа на осигурувањето.

  • Основно познавање на SQL и Power BI и подготвеност за учење.

  • Способност за јасно презентирање на заклучоци.

  • (Искуство во осигурување не е услов).

 

Што нудиме:

  • Директна соработка со секторите и менаџментот.

  • Ментор и обуки за професионален раст.

  • Можност за раст во водечка улога за податоци.

  • Пријатна, тимска атмосфера каде што секој придонес се вреднува.

  • Конкурентни услови за работа согласно квалификациите и искуството на кандидатот.

 

Доколку се препознавате во овој профил, испратете го вашето CV на hr@crosig.mk со назнака „Специјалист за анализа на податоци“

најдоцна до 16.10.2026 година.

 

За компанијата

Кроација Осигурување – Неживот АД Скопје

Пазарот за неживотно осигурување во РС Македонија бележи континуиран раст, а Кроација Осигурување – Неживот АД Скопје претставува еден од најзначајните и најсигурни носители на овој сегмент. Компанијата е основана како дел од Croatia Osiguranje dd. Загреб, која има повеќе од 140 години традиција и е регионален лидер во осигурителната индустрија.

Кроација Осигурување – Неживот АД Скопје | Осигурување со Традиција

Контакт

Ти треба работа, консултација за вработување или сакаш да вработиш?

КОНТАКТИРАЈ НÈ