Детали за позицијата
ВРАБОТУВАМЕ
Домашна помошничка / Private Household Assistant – половина работно време
(за семејство во Скопје)
Вработуваме одговорна, организирана и доверлива личност за одржување на приватен дом на високо професионално ниво.
Работното место вклучува:
- секојдневно и темелно одржување на чистотата и хигиената во домот;
- чистење и уредување на сите простории, кујна и санитарни простории;
- перење, сушење, пеглање и соодветно складирање на облека и домашен текстил;
- одржување на редот и организацијата во плакари, кујна и останати домашни простории;
- подготовка на едноставни оброци по потреба;
- водење грижа за залихите на производи за домаќинството и навремено известување кога нешто е потребно;
- внимателно ракување со мебел, апарати, гардероба и лични предмети;
- по потреба, помош при подготовка на домот за гости или официјални посети;
- извршување и други практични домашни задачи согласно потребите на семејството.
Посебно се ценат:
- Дискретност, доверливост, педантност, љубезност, самостојност, одлични организациски способности и почитување на приватноста на семејството.
- Искуство во работа во приватни домаќинства ќе се смета за предност.
- Познавање на англиски јазик.
Работен ангажман и услови:
- Работно време: 4 часа дневно
- Работно време: понеделник – петок, од 08:00 до 12:00 часот
- Ангажман: половина работно време
- Тип на ангажман: долгорочно вработување
- Стабилна и сигурна работа
- Професионална и коректна работна средина
- Јасно дефинирани работни обврски и услови за работа
Заинтересираните кандидати потребно е да достават CV исклучиво преку следната Е-маил адреса:
contact@jobs.com.mk
НАПОМЕНА: По завршувањето на огласот, само апликантите кои ги исполнуваат условите и ќе поминат предселекција, ќе бидат повикани на интервју.