Детали за позицијата

JOBS, за потребите на свој соработник – Извршител Васко Блажевски, објавува
ОГЛАС
за вработување на
ПРАВНИК (м/ж)
Работни задачи и одговорности:
- Работа на предмети и спроведување на секојдневните активности во извршителска канцеларија;
- Подготовка, обработка и водење на правна и административна документација;
- Подготовка на акти, дописи и друга документација поврзана со постапките за извршување;
- Комуникација со странки, доверители, должници, институции и други учесници во постапката;
- Следење на рокови и уредно водење и архивирање на предметите;
- Теренски активности и доставување/прибирање документација по потреба;
- Извршување на други правни и административни работи согласно потребите на канцеларијата.
Потребни квалификации:
- Задолжително завршено високо образование – Правен факултет;
- Најмалку 2 години претходно работно искуство во извршителска канцеларија;
- Возачка дозвола Б категорија и активно управување со возило е предност;
- Добро познавање на работа со компјутер и канцелариски програми;
- Развиени комуникациски и организациски способности;
- Самоиницијативност, точност, прецизност, доверливост и високо ниво на одговорност.
Услови за работа:
- Конкурентна плата;
- Редовно работно време од 08:30 до 16:30 часот, од понеделник до петок
- Работа во професионална и организирана работна средина;
- Можност за стекнување и надградување на практично правно искуство.
АПЛИЦИРАЊЕ:
Доколку ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за професионален ангажман во извршителска канцеларија, испратете ја вашата професионална биографија (CV) на:
vasko@izvrsitelblazevski.mk
Во насловот на пораката задолжително наведете: „Апликација за Правник“.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани и повикани на интервју.
Сите пристигнати апликации ќе бидат третирани со целосна доверливост.
За компанијата
Локација: бул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 37/3-18, Центар, Скопје
(во близина на Европски Универзитет)
Работно време: Понеделник – Петок, 08:30 – 16:30 часот