Детали за позицијата

 

Фармацевтската компанија ДЕМАКС НОВА ИНТ од Скопје објавува оглас за вработување на:
3 (три)  стручни соработници (медицински претставници) за територија на РС Македонија:

 

 

Потребни квалификации:

  • високо образование (медицински, фармацевтски или стоматолошки факултет),
  • активно познавање на англиски јазик,
  • одлично познавање на MS Office,
  • положен возачки испит (Б категорија)
  • место на живеење во Скопје.

 

Вештини и способности:

  • одлични комуникатори, аналитичари и организатори,
  • стручност и елоквентност, енергичност,
  • претприемачки дух, успешно продавање на производ или услуга,
  • справување со работа под притисок, исполнување таргети,
  • задолжително претходно работно искуство  при групни презентации и работа на терен.


Нудиме:

  • работа во динамична средина, млад тим од стручни лица, добри услови, врвна обука, можност за докажување на вашите професионални способности, интернационална кариера.

 

Одговорности:

  • презентирање и промоција на ОТЦ препарати и диететски суплементи преку редовни посети на лекари и фармацевти.

 

Сите заинтересирани кандидати да достават CV, фотографија и мотивационо писмо на македонски јазик на e-mail: career@demaxnova.com

​Огласот трае до 03.09.2026 година.

За компанијата

ЗА ДЕМАКС НОВА

Компанијата Демакс Нова е основана 2002 година од кога е постојанo присутна на македонскиот пазар за додатоци во исхраната. Зад нас стои успешната приказна со британскиот бренд HealthAid почнувајќи од 2006 година како генерален регионален застапник за производите на истиот, се до 2024 година.
Започнуваме со испишување на нова иновативна приказна со британскиот производител на додатоци во исхраната, NutraVit, за кој од 2021 година сме генерален регионален застапник.
Демакс Нова успешно ја расте и развива приказната со нашиот партнер Haks, производствена база за Nurse Harvey’s, еден од водечките светски производи за бебиња, за кои сме исто така генерални застапници од 2015 година.

Контакт

Ти треба работа, консултација за вработување или сакаш да вработиш?

КОНТАКТИРАЈ НÈ