Бараме амбициозни вработени, ангажирани и високо мотивирани личности кои ќе придонесат за натамошниот успех и развој на нашата компанија.
Со цел проширување на нашиот тим во ЗТД Сточарство Богданци, бараме личност која ќе се придружи на нашиот тим на позиција:
ПОДМЛАДОК ВО ЗЕМЈОДЕЛСКО ТРГОВСКО ДРУШТВО СТОЧАРСТВО БОГДАНЦИ
ОДГОВОРНОСТИ И ЗАДАЧИ:
- Подготовка и доставување на дневни извештаи за работа за Полјоделство и Откупен центар;
- Изготвување и доставување извештаи за отсутност на вработените;
- Преземање, евидентирање и распределба на пристигната пошта;
- Водење и одржување на архивата на компанијата;
- Евиденција на влезна и излезна документација и нејзино доставување на потпис до магационер, раководител и управител;
- Контрола и проверка на фактури и придружна документација (одобренија, работни налози и сл.) со цел утврдување на нивната комплетност;
- Водење и управување со благајничко работење;
- Подготовка и обработка на статистички податоци и извештаи;
- Евиденција и следење на одобренија добиени од Управата;
- Подготовка на известувања и евиденција за работа за време на државни празници;
- Пријава и одјава на вработени пред надлежните институции;
- Изготвување на договори за вработување со целокупната придружна документација, како и анекси на договорите;
- Подготовка и изготвување на договори на дело;
- Изготвување и администрирање договори на кооперанти;
- Пресметка и евиденција на работни часови на вработените;
- Водење на евиденција за користење на годишни одмори и изготвување решенија за годишен одмор;
- Одговорност за спроведување и следење на активностите од областа на Безбедност и здравје при работа (БЗР);
- Учество и координација во процесите на попис;
- Извршување и на други работни задачи согласно насоките и потребите утврдени од непосредно претпоставениот.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Високо образование (Психологија, Економски или Правен факултет);
- Пожелно најмалку 3 години работно искуство во областа;
- Познавање на Законот за работни односи и Законот од областа на Безбедност и здравје при работа;
- Задолжително познавање на англискиот јазик;
- Одлично познавање на работа на компјутер (MS Office пакет);
- Доверлив, аналитичен, комуникативен и прилагодлив, подготвен за работа под притисок, способен за работа во динамична работна атмосфера и тимски ориентиран.
НИЕ ВИ НУДИМЕ:
- Предвидена атрактивна плата + дополнителен бонус, зависно од успешноста во извршувањето на работните задачи;
- Можност за стручно усовршување и напредување во работата;
- Менторска обука за воведување во работата и запознавање со сите процеси на компанијата;
- Попуст за вработени во хотел Вилиџ во Охрид.
Доколку сте во потрага по нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на e-mail:
со назнака: „ПОДМЛАДОК ВО ЗЕМЈОДЕЛСКО ТРГОВСКО ДРУШТВО – СТОЧАРСТВО БОГДАНЦИ“.
Изборот ќе се изврши во рок од 15 или 30 дена, во зависност од бројот на пристигнати апликации. Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе влезат во потесен избор и ќе бидат контактирани.


