Детали за позицијата

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Машински техничар – Мониторинг и Одржување на системи за вентилација, греење и ладење
Компанијата Јака Нова ДОО Скопје има потреба од вработување на Машински техничар за работа во производствен погон.
Работни задачи:
- Редовно одржување на системите за вентилација, греење и ладење (HVAC);
- Следење и контрола на исправноста на опремата;
- Дијагностика и отстранување на дефекти;
- Превентивно и корективно одржување;
- Соработка со останатите технички служби во компанијата;
- Водење евиденција за извршените интервенции.
Потребни квалификации:
- Завршено средно стручно образование – машинска насока;
- Пожелно работно искуство во одржување на HVAC системи;
- Познавање на машински инсталации и техничка документација;
- Одговорност, организираност и способност за тимска работа;
- Возачка дозвола Б категорија (предност).
Нудиме:
- Редовен работен однос;
- Конкурентна плата согласно искуството и квалификациите;
- Можност за професионален развој и обука;
- Работа во стабилна и успешна компанија;
- Пријатна работна атмосфера.
Локација: Скопје
Начин на аплицирање: Заинтересираните кандидати може да испратат CV на info@jobs.com.mk