Детали за позицијата

 

Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позиција:

Супервизор за клучни клиенти.

 

 

Потребни карактеристики:

  • Претходно искуство во продажба
  • Одлични организациски и координациски вештини
  • Логично-математичко и аналитичко размислување
  • Одговорност, прецизност и проактивност
  • Висока стручна спрема (ВСС) – предност
  • Работа со Excel – средно ниво
  • Способност за B2B писмена комуникација
  • Возачка дозвола Б – задолжително
  • Искуство со координирање на повеќе задачи истовремено
  • Искуство во големопродажба – модна индустрија (предност)

 

​Клучни одговорности:

  • Планирање и организирање и подготовка на роба
  • Координирање и следење на рокови за испорака
  • Терeнска супервизија (3 дена неделно)
  • Следење на навремена допуна на сезонски артикли
  • B2B комуникација со одговорните во маркетите
  • Барање фидбек по испорака и корекции
  • Анализа на резултати и известување до менаџерот

 

​Доколку сте заинтересирани аплицирајте на емаил адресата: hr@sarafashion.mk

 

Огласот важи до 06.07.2026

За компанијата

Друштвото Де-Та постои од 1999 година и е сопственик на ланецот продавници Sara Fashion.

Компанијата Sara Fashion е семејна компанија за продажба на чорапи, хулахопки, долна облека, облека за дома, костими за капење и модни додатоци.

Основана пред 26 години, а која сеуште работи со истиот ентузијазам и љубов, постојано вложување и едукација на своите кадри, како и постојано проширување на своето портфолио на производи.

Денес може да се каже дека компанијата прерасна во една од најголемите македонски компании во својата област, со повеќе од 200 вработени и се состои од над 70 продажни места во Република Северна Македонија и Република Србија.

Исто така Де-Та располага со четири магацини за големопродажба, од кои два во Скопје и по еден во Битола и Белград од каде се врши достава на производите низ целата територија на Република Македонија и Република Србија.

Покрај сопствениот бренд SF, Де-Та е ексклузивен застапник на повеќе светски признати брендови и тоа: Penti, NBB, Pompea, Donella и Milano.

Во 2007 година Де-Та започна и со производство на памучни чорапи, формирајќи го брендот Red Star кој моментално брои над педесет различни производи.

 

За нас | Sara Fashion

Контакт

Ти треба работа, консултација за вработување или сакаш да вработиш?

КОНТАКТИРАЈ НÈ