Детали за позицијата

Домашна компанија која успешно го гради својот бренд веќе 20 години на македонскиот пазар во областа на прехранбената индустрија преку производство, пакување и дистрибуција, поради проширување на тимот, има потреба од следното работно место:

ДИСТРИБУТЕР

Локација Скопје

 

 

 

Опис на работно место:

  • Дистрибуција на производите од портфолиото на компанијата до продажните места со кои компанијата има склучено договор за деловна соработка.
  • Правилно ракување и утовар/истовар на робата
  • Водење на основна документација при достава
  • Безбедно управување со возилата за дистрибуција
  • Редовно одржување на возилото во исправна и чиста состојба
  • Почитување на процедурите на работа

 

Квалификации:

  • Образование: минимум ССС
  • Возачка дозвола: Б категорија (активен возач)
  • Работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност

 

Лични карактеристики:

  • Иницијатива, комуникативност, одговорност, организираност
  • Проактивен и професионален пристап во работата
  • Чесност
  • Тимска работа и желба за учење, напредок и усовршување

 

Ние нудиме:

  • Пријатна работна средина
  • Почетна нето плата од 31.000,00 денари (висината на платата зависи од стекнатото образование, доусовршување и поминати обуки, видот и должината на работното искуство, потребното предзнаење согласно описот на работното место)
  • Колективно осигурување
  • Вработување на определено време од 1 месец со можност за продолжување
  • Работно време од 07.00 до 15.00 часот

 

Кратка биографија и мотивационо писмо со назнака за работно место Дистрибутер на е-маил:

contact@jobs.com.mk

По извршена селекција само одбраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Рок за избор 30 дена.

 

 

Компанијата обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува сите соодветно квалификувани кандидати, без оглед на пол, раса, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

За компанијата

Домашна компанија која успешно го гради својот бренд веќе 20 години на македонскиот пазар во областа на прехранбената индустрија преку производство, пакување и дистрибуција.

Контакт

Ти треба работа, консултација за вработување или сакаш да вработиш?

КОНТАКТИРАЈ НÈ