
Токму тогаш го отворивме првото дуќанче во Буњаковец и истото претставуваше првата специјализирана продавница под брендот Виталиa. Но потоа следеше онаа потешка страна за развој на бизнисот. Се сеќавам дека ни претстоеше интензивен период на едукација на населението и тоа преку публикување бројни едукативни текстови и нутриционистички совети со кои успевавме позитивно да делуваме кон менување на прехранбените навики на консументите, воведувајќи ја здравата храна во дневното мени на секое семејство. Денес го чувствуваме ефектот од нашите потрошувачи и тоа на начин на кој нам навистина ни значи. Тие се благодарни и задоволни и несебично го споделуваат тоа со нас, на нашата инфо адреса, на нашата Фан страница и секако на едукативните средби кои сеуште ги организаме за нив.
Една од потешкотиите со кои се соочивме на почетокот е тоа што доаѓаме од земја т.е. пазар кој не е толку афирмиран во светски рамки и во кој сите гледаат со доза на недоверба. Но, богатата понуда на оригинални здрави продукти со врвен квалитет и дизајн, редовното учество на интернационални саеми, одличниот сервис кој го нудиме на нашите клиенти го привлекоа вниманието на големопродажните компании. Ориентацијата кон производство на квалитетни производи ја потврдивме и со воведување на најстрогите интернационални стандарди за безбедна храна (НАССР, ISO, BRC, SA 8000, Vegetarian) со што ја зголемивме конкурентноста и довербата во брендот Виталиа. Но, Виталиа е детерминирана да стане препознатлива и барана и во светски рамки.

Нашата визија, вербата во брендот, одлучноста и посветеноста овозможија зацврстување на лидерската позиција и промовирање на Виталиа како успешен македонски бренд не само кај нас, туку и ширум светот. Благодарение на широката дистрибутивна мрежа, но и на амбициозниот и мотивиран продажен тим, денес брендот Виталиа се извезува во повеќе од 30 земји, на 5 континенти и тоа во Европската Унија, Америка, Австралија, Јапонија, Блискиот исток, Русија, Индија, Либан, Казахстан…
– Никола Ветаџокоски, основач и директор на управен одбор







