

Месна индустрија и кланица Свети Николе ДОО Свети Николе, ул. Индустриска, бб Свети Николе, објавува:
ОГЛАС
За вработување за следното работно место
Возач на автобус/ камион/ превоз на жива стока со Ц и Д категорија
(1) извршител
Работникот треба да ги исполнува општите услови ( да е државјанин на Република Македонија, да е полнолетен и да има општа здравствена способност за работното место).
Предност ќе имаат стручните работници со ССС и работно искуство.
Распоред на работно време:
Работни денови: понеделник – петок,
Работни часови неделно: 40 часа,
Обезбедена храна, превоз и ХТЗ опрема
Паричен износ на нето плата со додаток за работна успешност и сите додатоци од најмалку 35.000 денари.
Пријави се поднесуваат во Месна индустрија и кланица ДОО Свети Николе на ул. Индустриска бб, Свети Николе секој работен ден од 07,00 до 15,00 часот или на емаил contact@miksvetinikole.mk
Рок за пријавување: 04.05.2026 година.
МИК ДОО Свети Николе

МИК Свети Николе е компанија со најдолга традиција во месната индустрија во Македонија. 50-годишната успешна приказна и овозможи на компанијата да прерасне во субјект со највисока репутација и непобитен легитимитет вo сегментот на месната индустрија во нашата држава.
Компанијата располага со современо обучен и респектиран менаџмент и кадар со највисок степен на компетентност, стручност и интегритет.
Главен фокус на активностите во МИК се кон задоволување на потребите на потрошувачите. Посебно внимание се посветува и на континуираното подобрување на квалитетот на производите, а во секоја фаза на работењето инкорпорирани се меѓународните стандарди HACCP и ISO 9001-22000: 2018
МИК Свети Николе е општествено одговорна компанија, која води постојана грижа за своите вработени, за пошироката заедница, за своите потрошувачи, а посветува посебно внимание и во спазување на еколошките стандарди во работењето.
https://www.miksvetinikole.mk/