Детали за позицијата

ДРУШТВО ЗА ПРОИЗВОДСТВО, ТРГОВИЈА, УГОСТИТЕЛСТВО И УСЛУГИ СИИВА ДОО СКОПЈЕ, објавува:

ОГЛАС

За вработување за следното работно место

КАСАП

(1) извршител за работно место во Ново Лисиче – Скопје

Работниците треба да ги исполнуваат општите услови (да се државјанин на Република Северна Македонија, да се полнолетни и да имаат општа здравствена способност за работното место).

За наведеното работно место потребно е минимум ССС и искуство за работа со месо / касап. 

 

Распоред на работно време:

Работни денови: понеделник – сабота,

Работни часови неделно: 40 часа,

Работно време: работа во смени –прва и втора смена,

Обезбедена храна, превоз и ХТЗ опрема. 

  • Паричен износ на почетна плата од најмалку 33.000,00 денари.

На почетната плата се додаваат бонуси како -додаток за работна успешност, минат труд, надоместоци за прекувремена работа, работа на празник и сл.

Редовно се исплаќа регрес за годишен одмор и користење на законски предвидени слободни денови.

 

 

Пријави се поднесуваат во Правна служба на МИК СВЕТИ НИКОЛЕ ул. Индустриска бб, Свети Николе секој работен ден од 07,00 до 14,00 часот или на емаил contact@miksvetinikole.mk

Рок за пријавување: 04.05.2026 година.

СИИВА ДОО Скопје

За компанијата

МИК Свети Николе е компанија со најдолга традиција во месната индустрија во Македонија. 50-годишната успешна приказна и овозможи на компанијата да прерасне во субјект со највисока репутација и непобитен легитимитет вo сегментот на месната индустрија во нашата држава.
Компанијата располага со современо обучен и респектиран менаџмент и кадар со највисок степен на компетентност, стручност и интегритет.

Главен фокус  на активностите во МИК се кон  задоволување на потребите на потрошувачите. Посебно внимание се посветува и на континуираното подобрување на квалитетот на производите, а во секоја фаза на работењето  инкорпорирани се меѓународните стандарди HACCP и ISO 9001-22000: 2018

МИК Свети Николе е општествено одговорна компанија, која води постојана грижа за своите вработени, за пошироката заедница, за своите потрошувачи, а посветува посебно внимание и во спазување на еколошките стандарди во работењето.

https://www.miksvetinikole.mk/

Контакт

Ти треба работа, консултација за вработување или сакаш да вработиш?

КОНТАКТИРАЈ НÈ