Детали за позицијата

 

 

 

 

 

Magniflex е основана пред повеќе од 60 години во Прато, Италија.

​Денес Magniflex е огромна компанија, со сопствена фабрика која се наоѓа на површина од 33.000 м2 и производствен капацитет од 10.000 душеци на ден.

Компанијата е присутна ширум светот со над 4.000 препродавачи на 99 меѓународни пазари и снабдува над 500 големи хотели.

 

 

 

За продажниот салон во Скопје – Дебар Маало,  имаме потреба од вработување со скратено работно време  на позицијата:

ПРОДАЖЕН АСИСТЕНТ

 

 

 

Работни обврски:

  • Презентација на производите
  • Одговарање на прашања и барања од клиенти
  • Координација со колегите

 

Вештини и квалификации:

  • Средно образование
  • Претходно работно искуство во продажба е предност
  • Комуникациски и презентациски вештини
  • Способност за работа во тим
  • Добро познавање на англиски јазик
  • Добро познавање на компјутери ( MS Office )

Што добивате?

  • Конкурентна плата
  • Работа со глобален premium бренд
  • Локација во најатрактивниот дел од градот – Дебар Маало
  • Динамична работна средина

Работното време е организирано во согласност со потребите на работењето на компанијата.

Доколку се препознаваш во оваа улога и сакаш да бидеш дел од бренд кој поставува стандарди испрати CV  со назнака на позицијата ,,Продажен Асистент” на: info@magniflex.com.mk

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

 

 

 

За компанијата

Магнифлекс во Македонија
Идејата за Магнифлекс и концептот за Здрав сон во Македонија се раѓа уште 2013-тата година. Тимот на Ај Дрим Концепт веруваше дека во индустријата на ортопедски производи за спиење се потребни темелни промени со приоритет на еден поинаков пристап во презентација на квалитетниот сон и здравјето поврзано со спиењето.
Затоа најпрвин, инвестиравме во совршениот тим, но и негова обука и сертифицирање, со цел да се стекне со соодветното знаење и експертиза за науката на спиењето.

store image

 

Magniflex

Контакт

Ти треба работа, консултација за вработување или сакаш да вработиш?

КОНТАКТИРАЈ НÈ