

Кит-Го сега се вика „Спар Нортх Мацедониа“ а ребрендирани со новото име се 62 маркети за малопродажба низ земјата. Најмногу продажни места има во Штип, но и во Скопје, како и речиси во сите други поголеми и помали градови во земјата, што сега официјално се запишани како Spar.
Во март годинава косовскиот трговски ланец Viva Fresh Group, присутен и во Македонија преку Viva Fresh Store, Super Kit Go и Modern Studio & Top Shop ја презеде Spar Albania од Balfin Group. Spar e основан во 1932 година. Брендот е присутни во 48 земји со 13.800 продавници. Досега немаше маркети во Македонија.
SPAR прерасна во глобален бренд присутен во околу 48 земји со преку 13.900 продавници ширум светот. Се издвојува од другите посебно по локалните адаптации на секоја продавница во заедницата каде што работи.