Детали за позицијата

Eуродистрибуција (дистрибутер на Пелистерка)
ВРАБОТУВА
Референт за продажба
Опис на работното место:
- Креирање на диспозиции, внесување на порачки од купувачи во систем
- Вршење кредитна контрола со анализа на побарувања по купувач
- Следење на објави за тендери, подготовка на документација и аплицирање
- Обработка на податоци за изготвување на месечен извештај за продажба
- Изготвување на потребни извештаи за претпоставените
- Припрема на презентации.
- Изготвување на неделни, месечни планови и извештаи за продажба, нивно анализирање и контрола на извештаите за продажба, нивно анализирање и дистрибуирање до соодветните авторитети.
- Ги анализира сите податоци од продажбата и пазарот и приготвува предлози за подобрување на нашиот дел од пазарот, глобалната продажба и дистрибуција.
- Врши евиденција и анализа на влезот и излезот на амбалажата и се грижи за нејзино редовно собирање
- Внесува значајни информации во ИС , како што се цени, планови, потврдува диспозиција на дистрибутерите согласно налозите од ИД или директорот на продажба
- Врши усогласување со дистрибутерите во однос на амбалажата и за разликите ,т.е навремено не вратената амбалажа изготвува фактури до дистрибутерите
- Доставува редовни и навремени информации до сите дистрибутери за акции, промоции и сл.
- Врши обработка на сите записници за крш и неусогласен производ и согласно законските прописи и внатрешните правилници, истите ги решава
- Врши и други работи по барање на менаџментот.
Квалификации и вештини:
- Пожелно Висока или Виша стручна подготовка економска насока
- Минимум 2 години работно искуство
- Одлично познавање на англиски
- Одлични комуникациски и презентациски способности.
- Напредно познавање на алатките на Microsoft Office (посебно Word и Excel) и Google;
- Аналитичност, прецизност и деталност во работењето;
- Способност за справување со повеќе разновидни задачи истовремено;
- Навременост и строго почитување рокови;
- Подготвеност за индивидуална и тимска работа.
Услови за работа:
- Позицијата е со работно време од 40 часа неделно,
- Осигурани на полно работно време,
- Можност за награди за посветено извршување на работните задачи.
Начин на пријавување:
Документите кои ги докажуваат горните барања да се достават по електронски пат edistribucija@pelisterka.com.mk
Документите треба да содржат:
- Професионална биографија;
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
За компанијата
Друштво со ограничена одговорност со едноличен капитал ЕУРО ДИСТРИБУЦИЈА ДООЕЛ Скопје е регистрирана на БУЛЕВАР КОЧО РАЦИН бр.97, СКОПЈЕ – Центар, Република Северна Македонија и работи од 19.5.2005 година.
Телефонот за контакт е 02/2432-256 и контакт-мејл е edistribucija@yahoo.com.
Сопственик на компанијата е Друштво за прозводство и трговија ПЕЛИСТЕРКА АД Скопје