Детали за позицијата

Друштвото за производство на електрична енергија и топлина ТЕ-ТО АД Скопје е претпријатие чија основна дејност е ко генеративно производство на електрична и топлинска енергија во комбиниран циклус. Средниот годишен капацитет на постројката е 220 MW за производство на електрична енергија и 160 MW за производство на топлинска енергија. ТЕ-ТО АД Скопје е независен производител на енергија (IPPIndependent Power Producer) кој го снабдува со електрична енергија пазарот во Република Северна Македонија и во регионот, но учествува и на меѓународни пазари. Топлината која се генерира во рамките на производниот процес на постројката се предава на градскиот топлински дистрибутивен систем.

ТЕ-ТО АД Скопје има потреба од вработување на динамична и мотивирана личност за пополнување на 1 (една) позиција:

  1. Оператор – техничар (1 позиција)

Опис на работното место:

Оператороттехничар е задолжен за следење на производствениот процес и обезбедување на негова непречена работа со навремено препознавање на потенцијалните опасности и навремено спречување на можните неусогласености во оперативнoста на централата.

  • Работа во 12 часовни смени, вклучувајќи и ноќна работа.

  • Реализација на процедурите за старт, управување, исклучување или резервација на постројката.

  • Управување преку далечински контролен систем – ДЦС. Далечинско вклучување и исклучување на опремата.

  • Редовна контрола на исправноста и функционалноста на целокупната електрична, машинска опрема и автоматика на постројката и евиденција за состојбата на истата.

  • Пријавување на неправилна работа или отчитување на опремата до непосредниот сменски раководител.

Потребни квалификации:

  • ССС машински или електро техничар

  • Добро познавање на говорен и пишан англиски јазик

  • Способност за работа во тим

  • Работа со компјутер

  • Работно искуство во индустрија ќе се смета за предност

Операторот – техничар ќе добие обука од страна на компанијата.

Придобивки:

  • Работа на state of the art технологија.
  • Можност за професионален развој.
  • Континуирано надградување на знаењето.
  • Пријатна работна атмосфера.
  • Приватно здравствено осигурување.
  • FitKit апликација. 

Заинтересираните кандидати можат да се пријават со доставување на кратка биографија на следната електронска адреса bsekulovska@te-to.com.mk 

Крајниот рок за пријавување е 27.03.2026 година. 

За компанијата

ТЕ-ТО АД е акционерско друштво кое е основано во 2005 година од странски и домашни инвеститори. Oсновна дејност на компанијата ТЕ-ТО АД Скопје е когенеративно производство на електрична и топлинска енергија во таканаречен комбиниран циклус.

Основни податоци | ТЕ-ТО

 

Контакт

Ти треба работа, консултација за вработување или сакаш да вработиш?

КОНТАКТИРАЈ НÈ