Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите услуги преку истата.
Контролор на личните податоци е Друштвото за услуги Џобс Ком ДООЕЛ со седиште на ул.Железничка бр.36/8 во Центар – Скопје, Република Северна Македонија.
Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
Чии податоци собираме?
Податоци поврзани со следниве категории:
Како ги собираме личните податоци?
Личните податоци ги собираме на следниве начини:
Вашите податоци ги обработуваме исклучиво за легитимни цели во рамки на дејноста која ја вршиме.
Категории на податоци кои се обработуваат:
Врски со трети веб страни и сервиси
Содржините кои www.jobs.com.mk ги објавува може да содржат врски (линкови) до веб страни и сервиси на трети лица на кои не се однесува оваа Политика за приватност. Ние не сме одговорни за практиките на овие трети веб страни и сервиси и ве советуваме да се запознаете со содржината на нивнита Политики за приватност.
Основ за обработка на личните податоци
Во согласност со важечкото законодавство за заштита на личните податоци,
Согласност за обработка на лични податоци
Со користење на Порталот Работодавачите даваат изречна согласност на Џобс Ком ДООЕЛ за собирање и обработка на нивните лични податоци кои се дадени при регистрација или било кој друг документ..
Работодавачите можат во било кој момент да ја повлечат дадената согласност без никакво дополнително објаснување со испраќање на барање на адресата на Џобс Ком ДООЕЛ за отповикување на согласноста.
Со аплицирање на објавени огласи Работобарателите даваат изречна согласност на сите Работодавачи на чиј оглас аплицирале да можат да пристапат до нивните лични податоци и истите да ги обработуваат во постапката за избор на кандидат за пополнување на позицијата од огласот.
Согласноста за собирање и обработка на лични податоци во согласност од одредбите од Законот за заштита на лични податици се дава исклучиво за целите на аплицирање на огласи за Работни места како и за вршење на сите други активности кои се строго поврзани со огласување и аплицирање на огласи за Работни места и не можат да се употребат за друга цел.
Употребата на податоците за било која друга цел е строго забранета.
Работодавачите се должни да ги почитуваат начелата поврзани со обработката на личните податоци и да ги преземаат сите мерки за заштита на тајноста и безбедноста на личните податоци на Работобарателите во согласност со Законот за заштита на личните податоци и да ги користат личните податоци единствено за целите на селекција и избор на кандидати во врска со објавен оглас за работно место во согласност со применливите закони.
Друштвото за услуги Џобс Ком ДООЕЛ не одговора за неовластено откривање или било каква незаконска обработка на личните податоци на Работобарателите од страна на Работодавачите и нема да биде одговорно за надомест на материјална и/или нематеријална штета што би можела да биде предизвикана.
Цели на обработка на личните податоци
Личните податоци ги собираме за конкретни цели и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.
Личните податоци се обработуваат за давање услуги и исполнување на договорни обврски односно за пристап, регистрација и користење на www.jobs.com.mk, преку објавување на огласи за Работни места од страна на Работодавачите.
Пренесување на корисници на лични податоци
Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на www.jobs.com.mk, на трети лица, освен по службено барање од надлежни органи и само ако постои законски основ за тоа.
Кој има пристап до Вашите податоци?
Преку Џобс Ком ДООЕЛ информации за личните податоци можат да добијат исклучиво само оние лица на кои им се потребни тие информации за овозможување и давање на нашите услуги и исполнување на нашите договорни и законски обврски и само до степен што е неопходен за исполнување на целта на обработката.
Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со законот и периодот потребен за постигнување на целта на обработката со рокови на чување на личните податоци потребни за исполнување на целта на обработката.
Пресметка на роковите на чување и задржување на личните податоци се заснова на следниве критериуми:
Кои се Вашите права како субјекти на лични податоци?
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
При регистрацијата Работобарателот самостојно ја поставува својата лозинка, која не смее да ја споделува со трети лица и сноси целосна одговорност за тајноста на лозинката и користењето на www.jobs.com.mk по пат на податоците за пристап. Работобарателот може да го извести Џобс Ком ДООЕЛ доколку се посомнева на неовластена употреба на своите податоци за пристап.
За дополнителни информации и/или остварување на вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци.
Субјектите на личните податоците можат да ги користат правата според оваа политика со поднесување барање за остварување на соодветното право. Барањето може да се поднесе препорачано по пошта на адреса ул.Железничка бр. 36/8, 1000 Скопје.
Барањето за остварување на правата во врска со заштитата на личните податоци треба да ги содржи следниве податоци:
– име и презиме на субјектот на лични податоци;
– контакти за повратни информации: адреса, телефон, адреса на електронско сандаче.
– барање со опис на барањето.
Право на поднесување на барање до АЗЛП
Ако сметате дека начинот на кој Џобс Ком Дооел ги обработува вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци како надзорно тело согласно Законот за заштита на личните податоци.
Промена на политиката за приватност
Со пристапувањето и користењето на www.jobs.com.mk изјавувате дека се согласувате со оваа Политика за приватност.
Политиката за приватност по потреба ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности за што ќе бидете информирани.
Безбедност на податоците
Џобс Ком Дооел ги презема сите мерки за заштита на личните податоци согласно важечкиот Закон за заштита на личните податоци и применливите подзаконските акти.
Кога пристапувате на www.jobs.com.mk или ги користите нашите услуги собираме одредени податоци од вашиот прелистувач со користење на т.н. „Колачиња“. Колаче е мала датотека што Платформата ја испраќа до прелистувачот на корисникот, кој потоа го складира во системот на корисникот. Колачињата ни овозможуваат да видиме кои страници сте ги посетиле, да одредиме колку често се посетуваат одредени страници и да одредиме кои се најпопуларните делови на Платформата. Колачињата исто така ни овозможуваат да ја подобриме веб-страницата и да обезбедиме подобри и персонализирани услуги и да ја обезбедиме безбедноста на нашата платформа.
Сите лични податоци што ги собираме и обработуваме се чуваат во РСМ и не се извезуваат или чуваат во други трети земји и/или меѓународни организации надвор од Европската економска област („EEA“).
Ако го промениме начинот на кој постапуваме со вашите лични информации во врска со обезбедувањето услуги и вашето користење на Платформата, ќе го ажурираме ова Известување. Го задржуваме правото да ја промениме нашата практика и ова Известување во секое време.
За да поставувате прашања или коментари за ова Известување за приватност и нашите практики за заштита на податоците или да поднесете жалба за нашето усогласување со важечките прописи за заштита на личните податоци, ве молиме контактирајте не со испраќање е-пошта на: info@jobs.com.mk