Детали за позицијата

Објавуваме Оглас за наш реномиран клиент:

Позиција: Специјалист за човечки ресурси

Локација на работата: Индустриска зона Илинден

 

 

Доколку Сте организирана, прецизна и доверлива личност Ве покануваме да се приклучите на нашиот тим на позицијата – Специјалист за човечки ресурси.

 

 

Главни работни задачи:

  • Ажурирање и одржување на податоци во HR систем
  • Подготовка на документација за пријава и одјава на вработени
  • Водење и архивирање на персонални досиеја
  • Евиденција и контрола на боледувања, отсуства и годишни одмори
  • Подготовка на HR извештаи
  • Контрола на податоци поврзани со пресметка на плата
  • Поддршка при инспекциски надзори
  • Евиденција за БЗР и систематски прегледи
  • Административна поддршка на HR процесите

 

Потребни квалификации:

  • Високо образование (човечки ресурси, право, економија или сродно)
  • Минимум 2 години работно искуство во HR администрација
  • Познавање на Закон за работни односи
  • Искуство со HR софтвер и MS Office (особено Excel)
  • Познавање на процедури за пријава и одјава на вработени

 

Потребни вештини:

  • Одлични организациски и административни способности
  • Прецизност и внимание на детали
  • Дискретност и одговорност при работа со доверливи информации
  • Способност за работа со рокови и повеќе задачи истовремено
  • Развиени комуникациски и тимски вештини
  • Проактивен пристап и ориентираност кон решенија

 

Нудиме:

  • Стабилна и професионална работна средина
  • Можност за развој во областа на човечки ресурси
  • Конкурентен пакет на бенефиции и солиден бонусен систем

 

 

Аплицирај на marija@jobs.com.mk

За компанијата

Контакт

Ти треба работа, консултација за вработување или сакаш да вработиш?

КОНТАКТИРАЈ НÈ