
Мастербет ДООЕЛ Скопје
ВРАБОТУВА
АСИСТЕНТ ВО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
Брендот AСТРА, членка на групацијата Новоматик – Австрија, присутен на македонскиот пазар од 2005 година и лидер во индустријата за игри на среќа, го проширува својот HR тим.
Доколку си организирана, дискретна и сакаш да ја градиш својата кариера во човечки ресурси во стабилен и интернационален систем оваа позиција е одлична можност за тебе.
Поддршка во процесот на регрутација и селекција (објавување огласи, комуникација со кандидати, координација на интервјуа)
Подготовка и архивирање на документација поврзана со вработени
Водење и ажурирање на евиденција за вработени
Поддршка во процесот на воведување на нови вработени (onboarding)
Комуникација со институции и надворешни соработници
Учество во организација на интерни настани и активности за вработени
Административна поддршка на HR менаџерот
Високо образование
Претходно искуство во човечки ресурси
Одлични организациски и комуникациски способности
Високо ниво на дискретност и одговорност при работа со доверливи информации
Познавање на работно законодавство (предност)
Одлично познавање на MS Office пакет
Познавање на англиски јазик
Работа во стабилна и реномирана компанија
Професионална и поддржувачка работна средина
Можност за учење и кариерен развој во областа на човечки ресурси
Конкурентна плата
Стабилно работно место
Позитивна и структурирана организациска култура
Заинтересираните кандидати потребно е да достават CV на: rabota@astra.mk
Во насловот на e-mail пораката наведете: „Апликација за Асистент во човечки ресурси“.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.

Брендот AСТРА е членка на групацијата Новоматик, Австрија. Присутен во Македонија уште од 2005 година и е прв и водечки бренд во индустријата за игри на среќа. За Нас – Astra