Детали за позицијата

 

Друштво за трговија и услуги УНИОН ФАС 2022 ДООЕЛ објавува оглас за вработување на Комерцијалист м/ж.

УНИОН ФАС 2022 ДООЕЛ е компанија со седиште во Скопје, специјализирана за архитектонски проекти, инженеринг и градежништво, изградба на куќи и објекти, како и фасаден дизајн. Компанијата работи со професионални и реномирани брендови во областа на градежни материјали и фасадни системи, нудејќи современи и квалитетни решенија за различни типови проекти.

Работни обврски:

  • Активна продажба на градежни и фасадни материјали

  • Комуникација и соработка со клиенти 

  • Подготовка и следење на понуди и договори

  • Одржување и развој на постоечки клиенти

  • Посети на терен и презентација на производи и решенија

  • Следење на пазарните трендови и конкуренцијата

Потребни квалификации:

  • Претходно искуство во продажба (искуство во градежен сектор ќе се смета за предност)

  • Одлични комуникациски и преговарачки вештини

  • Организираност, одговорност и ориентираност кон резултати

  • Возачка дозвола Б категорија

  • Основно техничко познавање на градежни и фасадни материјали (предност)

Компанијата нуди:

  • Работа во стабилна и растечка компанија

  • Соработка со познати и докажани брендови

  • Пакет конкурентни услови за работа: Службено возило, службен телефон, Нето плата до 40.000,00 денари плус бонуси од продажба

  • Долгорочна соработка и професионален развој

  • Поддршка и обука од искусен тим

  • Слободни викенди

Начин на аплицирање:

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку Е-пошта: unionfas22@gmail.com

Контактирајте нè за повеќе информации и приклучете се кон тим кој гради квалитетни и современи објекти.

📞 Телефон: +389 75 397 109

За компанијата

УНИОН ФАС 2022 ДООЕЛ е компанија со седиште во Скопје, специјализирана за архитектонски проекти, инженеринг и градежништво, изградба на куќи и објекти, како и фасаден дизајн. Компанијата работи со професионални и реномирани брендови во областа на градежни материјали и фасадни системи, нудејќи современи и квалитетни решенија за различни типови проекти.

Контакт

Ти треба работа, консултација за вработување или сакаш да вработиш?

КОНТАКТИРАЈ НÈ