Детали за позицијата

Технокомерц АД Скопје – компанија со повеќе од 50 години успешно работење на македонскиот пазар,
објавува оглас за вработување на:
Овластен Сметководител
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование – Економски факултет.
- Лиценца за овластен сметководител (ИОС РСМ).
- Работно искуство во сметководство и финансии (мин. 3–5 години).
- Познавање на сметководствени стандарди и законска регулатива.
- Добро познавање на MS Office и сметководствени софтвери.
Главни одговорности:
- Водење целосна сметководствена евиденција.
- Подготовка на месечни, квартални и годишни финансиски извештаи.
- Подготовка и поднесување на даночни пријави (ДДВ, ДБ, ПДД).
- Следење на законски измени во областа на сметководството и даноците.
- Комуникација и соработка со банки, УЈП и други институции.
- Надзор и координација со сметководствениот тим.
Нудиме:
- Работа во стабилна и реномирана компанија
- Професионална и мотивирачка работна средина
- Можности за професионален развој и усовршување
Начин на аплицирање:
Испратете CV на: tehnok@tehnokomerc.com.mk или контактирајте на телефон: 070 219 324
За компанијата
Технокомерц АД Скопје
– со Вас уште од 1972 година
Повеќе на tehnokomerc.com.mk