ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Позиција: Технолог во производство
Локација: Меџитлија / област Пелагонија / Битола
Тип на вработување: Целосно работно време (40 часа неделно)
За компанијата:
Пелистерка АД Скопје е компанија со долга традиција, основана во 1953 година, која започна како лозарско стопанство и со текот на годините се разви во водечки производител на вино, грозје и минерална вода. Од 2009 година, Пелистерка произведува и негазирана минерална вода со избалансиран состав на минерали, продолжувајќи ја традицијата на квалитет и доверба кај потрошувачите. Со современи линии за полнење и сопствен модерен дизајн на шишиња, компанијата продолжува да доминира на македонскиот пазар.
Опис на работното место:
Работното место на Технолог се наоѓа во канцеларијата и производствениот погон, каде што вработениот ги извршува своите задачи согласно барањата за безбедност и здравје при работа, со цел навремено и квалитетно извршување на обврските.
Основни задачи и одговорности:
Внесување на месечни рецептури во производната мрежа.
Контрола на технолошките процеси и обезбедување постојан тек на производство.
Следење на потрошените материјали и обезбедување на правилна употреба според прописите.
Подготовка на материјали и диспозиција на работни етапи.
Редовна контрола дали соодветните спецификации се во функција и во процес на производство.
Тестирање на новиот репродукциски материјал.
Координација на процесите за техничка реализација.
Изготвување извештаи и мислења за постигнатите резултати.
Навремено и редовно тестирање на сите мерки во производствениот процес.
Квалификации и вештини:
Високо образование во хемиска технологија, прехранбена технологија или сродни области.
Познавање на производствени процеси во индустријата за пијалаци.
Искуство со контрола на квалитет и лабораториска работа.
Познавање на стандарди за безбедност и хигиена во прехранбената индустрија (HACCP, ISO).
Организациски способности и аналитичко размислување.
Добри комуникациски вештини и тимска соработка.
Познавање на работа со компјутер и софтвер за следење на производни процеси.
Ние нудиме:
Работа во стабилна и реномирана компанија со долгогодишна традиција.
Динамична и иновативна работна средина.
Професионален развој и обуки.
Конкурентна плата и бенефиции.
Тимска и пријателска работна атмосфера.
Апликации:
Заинтересираните кандидати можат да ја испратат својата биографија и мотивациско писмо на contact@jobs.com.mk со назнака „Технолог во производство“.
Пелистерка АД Скопје е основана во 1953 година чија основна цел била обработка на земјоделско земјиште и производство на вино и грозје на Битолскиот регион, под името “Лозар стопанство Петилеп”.
Во 1961 година судот го променил името во “Лозарско винарски комбинат ЛОЗАР ПЕТИЛЕП”. Организацијата имала два оддели и тоа оддел за производство на грозје и оддел за производство на вино, овошје, ракија, сокови. Во 1968 година- организацијата го проширува своето производство со минерална вода и СО2. Организацијата минува низ неколку реорганизации, така што во 1976 година се организира во Работна организација без работни единици. Во 1993 година е направено прилагодување на постоечкиот закон и го добива името “Агроиндустриски комбинат Лозар” Битола. Со трансформацијата на општествениот капитал во приватен АИК ЛОЗАР-Битола на 24.12.2001 година се трансформира во приватно Акционерско друштво со 100% акционерски капитал, под името Лозар Пелистерка АД Скопје. Денес, производството на минерална вода се обавува во два производствени погони лоцирани во с. Меџитлија, непосредно до грчката граница, т.н. погон Меџитлија 1 и погон Меџитлија 2. Винарската визба е лоцирана на влезот во Битола. Погонот Меџитлија 1 е изграден 1965 година и се простира на вк. површина од 23.121 м2 со градежна површина од 2328 м2. Темелите на погонот Меџитлија 2 се поставени 1968 год. . Денес овој погон се простира на површина од 24.807 м2 со градежна површина од 4.000 м2. Новиот погон за производство на СО 2изграден е во 2007 година и се протега на површина од 585 м2 од кои 181 м2 производствен дел. Фабриката е со капацитет од 3000 kg/h. Винарската визба е изградена 1961 година и денес таа се простира на површина од 2008 м2. Визбата е со капацитет од 5.000.000 л/годишно. Се преработуваат следните сорти грозје: Ризлинг, Бургундец, Мерлот, десертно грозје Мускат Хамбург, најмногу обезбедени од сопствени насади на лозје. Во 2008 год. Пелистерка АД Скопје. започна со производство и на газирани и негазирани сокови, со што ја заокружи својата понуда на освежителни пијалаци. Благодарејќи на квалитетот на водата, првокласните суровини, технологијата и знаењето на вработените, соковите на Пелистерка АД Скопје. за многу брзо време станаа препознатлив бренд на Македонскиот Пазар. Во 2009 година Пелистерка АД Скопје. го воведува системот за управување со контрола на квалитет ISO 9001/2008 и HACCP. Во 2009 година Пелистерка АД Скопје. започна со производство и на негазирана минерална вода под брендот ОБИЧНА. Водата по својот из балансиран состав на минерали е само продолжение на квалитетот на Пелистерка. Во 2010 Лозар Пелистерка АД Скопје го промени името во Пелистерка АД Скопје. Компанијата дизајнираше сопствено заштитно шише, кое ги задоволува барањата и на најпребирливите потрошувачи. Убавиот модерен дизајн и врвниот квалитет, само ја продолжуваат традицијата на доминантност на пазарот во Македонија. Во погонот во Меџитлија започна да функционира уште една линија за полнење на стаклена амбалажа, со што ќе можат да се задоволи растечката побарувачка на потрошувачите.