Виатор и Вектор Скопје е една од водечките логистички компании во Македонија, со традиција од 55 години, со 14 испостави низ Македонија и повеќе од 100 вработени. На своите клиенти им нуди модерни логистички решенија во областа на меѓународниот транспорт, царинењето, меѓународниот транзит, складирањето и домашната дистрибуција.
Опис на работното место:
Работното место опфаќа извршување на сите сметководствени и административни активности потребни за непречено и ефикасно работење на компанијата.
Ваши задачи и одговорности:
• Внесување и/или ажурирање на нови и постоечки коминтенти
• Книжење на банкарски изводи, влезни и излезни фактури
• Следење и администрирање на банкарски гаранции
• Следење и наплата на побарувања
• Следење на кредитни лимити на коминтенти
• Фактурирање и администрирање на продажба
• Усогласување на картици, изработка на конфирмации и компензации
Профил што го бараме:
• Завршено високо образование (пожелно Економски факултет – VII степен)
• Без претходно работно искуство – идеално за млади кандидати (искуство во финансии ќе се смета за предност, но не е задолжително)
• Прецизност, одговорност и организираност
• Одлично познавање на англиски јазик
• Добри аналитички и комуникациски способности
• Познавање на MS Office, особено MS Excel
• Поседување на возачка дозвола – Б категорија
Нудиме:
• Вработување во стабилна и реномирана македонска компанија со долгорочна визија
• Можност за брз личен и професионален развој во областа на финансиите
• Стручна обука и менторство од искусни професионалци
• Финансирана едукација за странски јазици, согласно потребите на работата
• Работа во динамична и пријатна работна средина со тим кој поддржува и мотивира
• Простор за напредок и зголемена одговорност според вашиот труд и резултати
• Разбирање и поддршка за одржување на баланс помеѓу работниот и приватниот живот