Овој тренд не се појави одеднаш, тој е препознатлив во нашата држава од пред најмалку една деценија.

 

Возачи, доставувачи, градежници, келнери, бармени, виљушкаристи сè почесто доаѓаат од странство за да пополнат недостиг на работна сила. Бројот на странски работници расте од година во година, а најмногу од Азија. И покрај тоа постојат сериозни празнини во секторите како градежништво, сообраќај, земјоделство,  угостителство  и други.

Проблемот произлегува од демографскиот пад и намалувањето на бројот на население, што ја ограничува базата на нови кадри. Дел од невработените лица се целосно пасивни и не бараат работа со години, што создава дополнителни предизвици. За да се привлечат квалитетни работници, потребно е да се создадат подобри услови за живот, не само во однос на платите и безбедноста, туку и во поглед на екологијата, здравството и образованието. Паралелно со увозот на странски работници, голем број домашни кадри заминуваат во странство, барајќи подобри услови за работа, правна сигурност и можности за професионално напредување.

Работниците од Азиските земји се ангажираат  од страна на искусни посредници и се лесно прилагодливи на различни работни позиции и области.

Исто така, забележано е зголемено барање за одредени сезонски работи во одреден период од годината – садење, сеидба, берба, жетва, заштита на растенијата, подготовка на земјиштето, кастрење, чистење, лупење, сортирање и слично – во секторите земјоделство, шумарство, лозарство и рибарство.

Увозот на работна сила е од исклучителна потреба во последните години. Искуствата покажуваат дека овие работници од Азија, кои се  ангажирани во  градежништвото, но и во угостителството, производството, магацинските работи и други дејности, соодветно одговориле на работните обврски, потребите и понудата на работодавачите.

Вработувањето на работници од странство нема да ја загрози нашата работна сила. Овие работници се ангажирале во дефицитарни области но и како возачи, општи и градежни работници, угостители и други профили. За сите работници ангажирани од странство важи домашното законодавство и тие имаат исти права и обврски како и македонските граѓани.

Бидејќи недостатокот на работна сила е присутен, увозот на работници не е само тренд, туку и решение на овој проблем.

 

 

Понуда за Услуга за регрутација на странски персонал

(работници од азиски земји)

побарај тука