Со гордост објавуваме дека КАМ Маркет ја продолжуваат соработката со jobs.com.mk – платформа која станува прв избор за водечките компании во земјава при пронаоѓање кадар и објавување огласи.
Довербата која КАМ повторно ни ја укажа не ја разбираме како обична деловна одлука – туку како потврда дека сме на вистинскиот пат, создавајќи мост меѓу најдобрите работодавачи и квалитетни кандидати.
КАМ е препознатлива компанија која континуирано инвестира во своите вработени, овозможувајќи конкурентна плата и одлични бенефиции:
- Регрес, речиси 3 пати поголем од законски пропишаниот
- Платен превоз
- Платено колективно осигурување
- Бонус за препорачан пријател за работа
- Слободен ден за роденден
- Ваучер за склучен брак
- Ваучер за спортска опрема
- Картичка за спорт
- Пакет за новороденче
- Училичен пакет производи
- Пакет производи за верски празници согласно вероисповест
- Попусти за одмор во хотел Village (Охрид).
Како платформа, нашата мисија отсекогаш била јасна: да ја направиме потрагата по работа поефикасна, потранспарентна и достапна за сите. Фактот што најголемиот ланец на маркети повторно ја избра нашата платформа за вработување, е доказ дека таа мисија се остварува – чекор по чекор.
Благодариме за укажаната доверба. Подготвени сме на уште една година заеднички успеси, квалитетни огласи и уште повеќе вработени!