Детали за позицијата

Основана во 2013 година, Фалкон Логистик е успешна македонска компанија која се занимава со давање на логистички услуги на домашни и странски компании. Со тим од 50 вработени, компанијата навистина ги поместува гранциите за квалитет во обезбедување на меѓународни логистички услуги. Главната дејност на компанијата е транспорт на возила и е опремена со 20 камиони-автовозови.Заедно со својата сестринска компанија Викторија Шпед од Скопје, компанијата има годишен обрт од скоро 5 милиони евра, а во портфолиото на Фалкон Логистик се наоѓаат едни од најголемите македонски, европски и светски брендови од областа на автоиндустријата, аутомотив секторот и секако, стоките за широка потрошувачка.

ФАЛКОН ЛОГИСТИК ДОО
има потреба од следната работна позиција:

ВОЗАЧ СО Ц + Е КАТЕГОРИЈА

 

ОПИС НА ПОЗИЦИЈАТА:

  • Фалкон Логистик вработува возачи со положена Ц+Е категорија со или без искуство. Возачите возат и управуваат со камион за транспорт на возила (АВТОВОЗ). Фалкон Логистик нуди бесплатна задолжителна обука за новите возачи за товарање и растоварање на возилата на и од камионот. Се возат кратки и долги релации (најдолга релација не повеќе од 13 дена на пат). Се посетуваат: Косово, Србија, Унгарија, Словачка, Чешка, Германија, Белгија, Холандија, Белгија и Франција.​​

 

НУДИМЕ:

  • Нето примања до 2000 еур
  • Патничко осигурување
  • Бонуси

 

Доколку сте заинтересирани и соодведствувате со опишаниот профил, Ве покануваме

Вашата професионална биографија да ја испратите преку info@falconlogistic.mk

За компанијата

ФАЛКОН ЛОГИСТИК ДОО Скопје е една од лидерските компании во транспортот на автомобили и испорака на пратки по принципот „токму на време“ во регионот.

Прочитај тука За нас – FALCON LOGISTIC

Контакт

Ти треба работа, консултација за вработување или сакаш да вработиш?

КОНТАКТИРАЈ НÈ